Виена - Божиќен базар
- Општи информации
- Галерија
Од средината на ноември
до Божиќ, најубавите градски плоштади во Виена се претвораат во волшебни
Божиќни пазари. Аромата на Божиќните пекарски производи и ароматичните топли
напитоци, создаваат неповторлива предновогодишна атмосфера.Еден од најпознатите
Божиќни пазари и со најдолга традиција е “Vienna Magic of Advent”, кој плоштадот пред Градското собрание го претвара
во сјајна бајковита земја. Ве чекаат Божиќни подароци, украси од дрвја, слатки
и топли пијалоци, рингишпил, како и забавни Божиќни работилници за деца.
Дрвјата, излозите ... се во околината е празнично украсено и зрачи со
воудушевувачки сјај – Виенска предновогодишна магија – ДЕФИНИТИВНО НЕ СЕ
ПРОПУШТА !!!
Вклучено во
цена:
- авио билет на реалција Охрид - Виена – Охрид, со рачен багаж
- аеродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Виена
- трансфер аеродром – хотел – аеродром
Во цената НЕ е
вклучено :
- Пешачки разглед со локален водич - 20 €
- Посета на Дворецот
Шенбрун (влезница со audioguide, представник од агенцијата) – 40 €
- чекиран багаж
- туристичка такса 4€ на ден
- индивидуални трошоци
- патничко осигурување
- можност за организирање на факултативи (информации во агенција)
Напомена:
Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.Минимум за реализација 16 патника.
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС