"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам

У   П   А    Т   С   Т   В   О

ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ЗА ОБРАБОТКА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

 

 Струмица, март 2023 година

  

 Врз основа на членовите 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/2020), Управителот на Друштвото за туризам и угостителство АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица донесе:

 

У    П   А   Т    С   Т   В   О

за информирање на субјектот на лични податоци

за обработка и заштита на личните податоци

 

Член 1

Со ова Упатство (процедура) се утврдува начинот на информирање на субјектот на лични податоци во однос на правото за заштита на неговите лични податоци кои се обработуваат од страна на АТЛАНТИС како Контролор за обработка на личните податоци. 

 

Член 2

Контролор за обработка на лични податоци е:

Друштво за туризам и угостителство АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица, со седиште на ул.„Димитар Влахов“ бр.18 во Струмица, ЕМБС 4372204, Тел. +38934345212, e-mailinfo@atlantis.com.mk

АТЛАНТИС во својство на контролор на лични податоци има именувано овластено лице Павлина Поповски - Офицер за заштита на лични податоци, достапно на следните контакт информации:

E-mail: pavlina.popovski@atlantis.com.mk, телефонски број: +38934345212; +38975990430.

 

Член 3

Субјектот на лични податоци во секое време може да го промени статусот на согласноста за обработка на неговите лични податоци и со достава на писмено барање (на образец на контролорот или сопствено) може да оствари информирање и пристап (увид) во збирката на лични податоци која ја има контролорот, по претходно наведување на податоците од збирката со кои сака да се запознае и наведување на основот.

Субјектот своите права за заштита на лични податоци кај контролорот може да ги оствари преку следните канали за комуникација:

  • e-mail на Офицерот за заштита на лични податоци;
  • пошта и 
  • со лично присуство во било која деловна подружница на Контролорот.

Барањата испратени преку телефон или апликации (на пример: FacebookViberWhatsApp и сл.) нема да бидат предмет на разгледување. 

Член 4

Субјектот на лични податоци своите права наведени во членот (3) може да ги оствари кај Контролорот на следниот начин: 

a) Право на информирање и пристап: (членови 17, 18 и 19 од ЗЗЛП)

Субјектот на личните податоци има право да се информира, добие потврда од контролорот дали се обработуваат негови лични податоци и доколку се обработуваат, да добие пристап до личните податоци и до следните информации:

- целите на обработката;

- категориите на лични податоци кои се обработуваат;

- корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации;

- предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;

- постоењето на право да се бара од страна на контролорот исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци, или право на приговор против таквата обработка;

- правото на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;

- кога личните податоци не се собираат од субјектот на личните податоци, сите достапни информации за нивниот извор;

- постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето и најмалку во оние случаи, кога е вклучена значајна информација за логиката на обработката, како и значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.

б) Право на исправка и дополнување: (член 20 од ЗЗЛП)

Субјектот на личните податоци има право да побара и да добие исправка на неговите лични податоци од страна на Контролорот. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право и да ги дополни нецелосните лични податоци.

в) Право на бришење („Право да се биде заборавен“): (член 21 од ЗЗЛП)

Субјектот на личните податоци има право да побара бришење на неговите лични податоци и АТЛАНТИС ќе ги избрише неговите лични податоци доколку е исполнет еден од следниве услови:

- личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани;

- доколку е повлечена согласноста за обработка на лични податоци во случај кога истите биле обработувани врз основа на согласност и ако не постои друга законска основа за обработка;

- доколку постои приговор за обработката на личните податоци и смета дека не постојат преовладувачки легитимни цели за обработка;

- доколку личните податоци биле незаконски обработувани;

- доколку треба да бидат избришани со цел почитување на обврска утврдена во закон и

- доколку личните податоци биле собрани во врска со понуда на услуги на информатичко општество.

г) Право на ограничување на обработката: (член 22 од ЗЗЛП)

Субјектот може да побара ограничување на обработката на неговите лични податоци:

  • ако се оспорува точноста на личните податоци, во периодот додека не се потврди нивната точност;
  • ако смета дека обработката е незаконита, но се спротивставува на бришењето или ако податоците му се потребни за остварување на правни барања

д) Право на преносливост на личните податоци: (член 24 од ЗЗЛП)

Субјектот има право да ги добие неговите лични податоци кои ги има дадено на АТЛАНТИС во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, при што има право да ги пренесе тие податоци на друг контролор без попречување од страна на АТЛАНТИС, ако:

- обработката е заснована врз основа на согласност, или врз основа на договорна обврска и

- обработката се врши на автоматизиран начин.

ѓ) Право на приговор: (член 25 од ЗЗЛП)

Врз основа на конкретна ситуација Субјектот има право да поднесе приговор до АТЛАНТИС во секое време, против обработката на неговите лични податоци. Контролорот не може повеќе да врши обработка на личните податоци, освен ако докаже дека постојат релевантни легитимни интереси за обработка, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот на личните податоци, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.

е) Право на повлекување на согласност: (член 11 од ЗЗЛП)

Претходно дадените согласности за обработка на лични податоци можат да се повлечат во секое време, бесплатно преку каналите за комуникација наведени во членот 3 од Упатството.

Член 5

Барањето од субјектот на личните податоци го разгледува и по него постапува Офицерот за заштита на личните податоци и овластеното лице кое има пристап и ги обработува личните податоци за субјектот. 

АТЛАНТИС ќе достави информација/одговор за преземените активности врз основа на барањето на субјектот за заштита на личните податоци во предвидениот за тоа рок согласно одредбите во ЗЗЛП. Доколку е потребно, овој рок може да биде продолжен од страна на Контролорот за уште 60 дена земајќи ги предвид обемот, сложеноста и бројот на барањата, за што Субјектот ќе биде навремено известен.

Доколку АТЛАНТИС не постапи согласно утврдениот рок, субјектот може да поднесе барање за утврдување повреда на заштита на лични податоци на правото до Агенцијата за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

АТЛАНТИС го задржува правото да наплати соодветен паричен надоместок или да одбие да го процесира барањето доколку истото е поднесено со очигледна намера за злоупотреба или друго штетно однесување/дејствие од страна на субјектот.

Член 6

АТЛАНТИС може да го измени и надополни оваа Упатство и за истото ќе објави известување на својата веб-страница atlantisonline.mk.

 

Член 7

Ова Упатство влегува во сила со денот на неговото донесување. 

 

 

 

АТЛАНТИС

Управител

Сашко Дончовски

Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.