"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 Оваа Изјава на приватност се однесува на приватноста на податоците кои што се наоѓаат на веб-страницата www.atlantisonline.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Друштво за туризам и угостителство АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица, со седиште на ул: Димитар Влахов бр.18 во Струмица, ЕМБС: 4372204 и ЕДБ: 4027992107995.  (во понатамошниот текст АТЛАНТИС)

 

Изјава за приватност

  • Оваа Изјава за приватност е со цел да Ве информираме за видот на информациите коишто ги прибираме преку нашата веб-страница и за што се користат овие информации.
  • АТЛАНТИС ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб-страница со должно внимание и ги обработува целосно во рамките на законската регулатива за заштита на личните податоци и приватноста на поединецот.
  • Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на веб-страницата www.atlantisonline.mk. АТЛАНТИС не презема било каква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат другите интернет страници.

 

Како ги штитиме Вашите информации?

  • Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани во нашата датабаза.
  • Сите лични податоци кои корисникот доброволно ги внесува преку веб-страницата нема да се објавуваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

 

Како ги користиме собраните информации?

  • АТЛАНТИС ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели:
    За подобрување на нашата веб-страница,

Постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата страница базирано на повратните информациите што ги добиваме од Вас. 
2. За подобрување на услугите и грижа кон клиентите,
Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на Вашите барања за дадени услуги или поддршка што Ви треба. 
3. За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата,

  1. За праќање на корисничките информации и обработка на барања за резервации, нарачки, критики, предлози, вработување доколку се обратите до нас преку веб-страницата.
  • АТЛАНТИС ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни e-mail пораки, анализа на податоците, обработка на плаќањата.
  • АТЛАНТИС може да ги сподели личните податоци на корисникот со давателот на услугата за дистрибуција на производите и услугите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки.

Согласност и одговорност

  • Со пристапување и натамошно користење на нашата веб-страница, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на www.atlantisonline.mk.
  • Доколку корисникот не се сложува со условите за користењето на веб-страницата и Политиката на приватност, го упатуваме да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи оваа веб-страница.
  • Со самата употреба на веб-страницата, пополнување на формулари, креирање на профил и било каква друга активност, купувачот физичко лице потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено а кои се однесуваат на името и презимето, е-маил адресата и телефонскиот број кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.
  • Со самата употреба на веб-страницата, пополнување на формулари, креирање на профил и било каква друга активност, купувачот правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено а кои се однесуваат на називот, матичниот/даночниот број, е-маил адресата и телефонскиот број кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.
  • Со внесување на e-mail адреса во делот за пријавување на нашиот билтен корисникот е согласен за испраќање на административни и промотивни e-mail пораки (директен маркетинг). Доколку Крајниот корисник не сака да добива e-mail пораки во било кое време може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на e-mail пораки со испраќање на e-mail порака на е-маил [email protected] или со одбирање на опцијата откажување од ‘newsletter’ која што се наоѓа на секоја ‘newsletter’ порака.

 

Податоци за посетителите

  • Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е самостојна одлука на корисникот. Доколку корисникот самостојно не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што се бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.
  • АТЛАНТИС собира информации кои што го идентификуваат специфичиот корисник. Кога корисникот ќе се вклучи во одредени активности на www.atlantisonline.mk како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на формулари, анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, АТЛАНТИС може да побара од корисникот одредени информации за него како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на платежна картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации.
  • АТЛАНТИС не собира информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. АТЛАНТИС нема било каков пристап до тие податоци. Притоа, податоците поврзани со картичката или банкарската сметка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска и истите се чуваат според највисоки критериуми за сигурносно работење согласно банкарската политика.
  • Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и АТЛАНТИС не превзема одговорност за истото.
  • Веб-серверот ги меморира информациите за сесијата на корисникот како што се: времетраењето на Вашата посета, страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, IP-адресата од која пристапувате и сл. Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе овозможат на АТЛАНТИС да ја подобри својата веб-страница.
  • Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози во врска со заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на е-маил [email protected] Притоа, Вашата е-адреса нема да биде искористена за друга намена.

Веб-страници на трети лица

  • Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата веб-страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори и други трети страни. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за страниците што се поврзани кон или од нашата страница. Овие сервиси имаат сопствена политика за приватност на нивните веб-страници и посебна политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со која било друга страница, вклучувајќи ги страниците што имаат врски кон нашата веб-

страница е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.


Промени во политиката за приватност

  • АТЛАНТИС има право да ја ажурира оваа политика за приватност во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе го ревидираме датумот на ажурирање и ќе ја поставиме изменетата верзија.
  • Секој корисник е самостојно одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Политиката за приватност. Продолжување на користењето на оваа веб- страница од страна на корисникот по стапување на сила на измените, подразбира дека корисникот ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Политика за приватност на www.atlantisonline.mk

 

Контактирајте не

  • Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност, практиките или комуникацијата со веб-страницата, Ве молиме контактирајте не преку е-адресата [email protected] Притоа, Вашата електронска адреса нема да биде искористена за друга намена.
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.