- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Рим 8 декември
- Општи информации
- Галерија
РИМ
Рим – Вечниот град
Рим е главниот град на Италија, кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот.
Познат како Вечниот град или градот на седумте ридови, Рим повеќе од три илјади години го гради својот уникатен карактер.
Со векови бил главен град на едно од најмоќните царства во историјата на Европа, а подоцна и духовен центар на католичката религија и седиште на градот-држава Ватикан.
Со огромен број историски споменици, Рим е вистински музеј на отворено, но истовремено и модерен град исполнет со уметност, архитектура, мода и прекрасна италијанска гастрономија.
Програма на патувањето
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:35 часот.
Полетување за Рим во 16:35 часот.
Пристигнување во Рим во 18:25 часот.
По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот.
Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
Ватикан
По појадокот е предвидена можност за факултативна посета на Ватикан.
Превозот е со метро, а разгледот трае приближно 2 часа.
Во рамките на посетата се предвидени:
- Ватиканските музеи
- Црквата Св. Петар
- Систинската капела
Во Ватиканските музеи ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: античките статуи, салата со таписерии, географските мапи од XVI век, салата со канделабри и собите насликани од Рафаело.
Систинска капела
Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати уметници.
Во периодот од 1508 до 1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет, а околу три децении подоцна го создал и прочуениот Страшен суд.
Прошетката низ Ватикан завршува на прекрасниот плоштад уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок.
Разглед на Рим
По кратка пауза следува можност за организиран панорамски разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро, во времетраење од околу 3 часа.
Во рамките на разгледот се предвидени:
- Piazza Navona
- Пантеон
- Фонтана ди Треви
- Шпанските скали
- Via Condotti
- Via del Corso
- Piazza del Popolo
Слободно време за индивидуални активности.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
Тиволи – Villa D'Este
По појадокот можност за полудневен факултативен излет до Тиволи и посета на комплексот Villa D'Este.
Комплексот со својата палата и прекрасна градина се вбројува меѓу најпознатите ренесансни градинарски комплекси.
Црквата Сан Клементе
По враќањето во Рим следува посета на црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил.
Колосеум
Потоа следува разглед однадвор на една од најголемите знаменитости на Рим – Колосеумот.
Колосеумот е лоциран во близина на дворецот на Нерон – Domus Aurea и бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја.
Слободно време.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
Слободно време за индивидуални активности – прошетки, кафе, шопинг и дополнително уживање во Рим.
Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.
Полетување кон Скопје во 19:05 часот со директен лет.
Пристигнување во Скопје во 20:45 часот.
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Директен лет Скопје – Рим – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- Сместување во двокреветни соби во хотел 3★ или 4★
- Хотел во централно подрачје
- 3 ноќевања со појадок
- Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
- Организација на аранжманот
- Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- Доплата за чекиран багаж до 20 kg
- Доплата за еднокреветна соба – 120 €
- Туристичка такса – 7,5 € по лице / ден – се плаќа во агенција
- Билети за јавен превоз со метро
- Патничко осигурување
- Панорамски разглед на Рим со локален водич – 20 €
- Посета на Ватикан и Систинската капела – 70 €
- Посета на Тиволи и Villa D'Este – 70 €
Дополнителни екскурзии
РАЗГЛЕД НА РИМ СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ
Организиран панорамски разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро.
Разгледот ги опфаќа:
- Piazza Navona
- Пантеон
- Фонтана ди Треви
- Шпанските скали
- Via Condotti
- Via del Corso
- Piazza del Popolo
ВАТИКАН + СИСТИНСКА КАПЕЛА
Факултативна посета на Ватикан со:
- локален водич
- влезница
Во рамките на посетата се предвидени Ватиканските музеи, Систинската капела и црквата Св. Петар.
ТИВОЛИ – VILLA D'ESTE
Организирана посета на Тиволи со:
- локален водич
- влезница за Villa D'Este
Посета на еден од најпознатите ренесансни комплекси во околината на Рим.
Важна напомена за факултативите
Поради потребата од навремено резервирање термини и купување влезници, факултативните екскурзии треба да се пријават и уплатат однапред.
За реализација на дополнителните екскурзии се потребни минимум 16 пријавени лица.
Агенцијата не гарантира достапност на влезници доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Патни документи
За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Општи напомени
- Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 25 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената во случај на промена на трошоците за превоз, хотел или други услуги.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 5 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на цените на дополнителните екскурзии во случај на промена на цените на влезниците или другите локални услуги.
- За време на разгледите не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Можни се промени во програмата поради непредвидени објективни причини, како доцнење на лет, застој во сообраќај, затвореност на локалитет или други околности кои не зависат од организаторот.









