02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Прага во Јануари

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации
Прага – Божиќен базар | Јануари 2026

Прага – Божиќен базар

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција. Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови и град на пивото.

Лежи на брегот на реката Влтава која градот го дели на Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна. Магијата на градот е инспирација за Бедриж Сметана, Антониј Дворжак и Франц Кафка.

Датуми: 16.01 – 19.01.2026

Промо цена
419 € по лице
Редовна цена
469 € по лице

Во цената е вклучено

  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионски билет Скопје – Прага – Скопје
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг, 40×30×20 см)
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Посета на Карлови Вари
  • Разглед на Прага
  • Лиценциран туристички придружник

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 5 € по ноќ од соба (се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци (музеи, јавен превоз)

Програма на патувањето

ДЕН 1 – СКОПЈЕ → ПРАГА (16.01.2026)

Средба на аеродромот Скопје два часа пред полетување. Полетување во 14:20. По пристигнување во Прага – трансфер и сместување во хотел. Прошетка до центарот на градот. Ноќевање.

ДЕН 2 – ПРАГА (17.01.2026)

Појадок. Организиран разглед: Храдчани, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вит, Карловиот мост, Староместске намести, Астрономскиот часовник и црквата Тин. Попладне слободно време и можност за крстарење по Влтава. Ноќевање.

ДЕН 3 – КАРЛОВИ ВАРИ (18.01.2026)

Појадок. Целодневна посета на Карлови Вари – лековито бањско место, колонади, гејзерот Вридло и православната црква „Св. Петар и Павле“. Слободно време. Враќање во Прага. Ноќевање.

ДЕН 4 – ПРАГА → СКОПЈЕ (19.01.2026)

Појадок и слободно време. Прошетка низ Прага, можност за trdelnik и чешко пиво. Трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 17:10.

Важно

  • Минимум 30 патници за реализација
  • Резервација со 30% аванс и копија од пасош
  • Целосна доплата 15 дена пред поаѓање
  • Уплата во денари по курс 1 € = 62 МКД
  • Важност на патни документи мин. 3 месеци по завршување
  • Доплата за еднокреветна соба: 120 €
  • Деца до 11,99 г. со 2 возрасни: 389 €
  • Организаторот го задржува правото на измени и отказ
Фото Галерија