Прага – Божиќен базар
Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата архитектура и традиција. Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови и град на пивото.
Лежи на брегот на реката Влтава која градот го дели на Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна. Магијата на градот е инспирација за Бедриж Сметана, Антониј Дворжак и Франц Кафка.
Датуми: 16.01 – 19.01.2026
Во цената е вклучено
- 3 ноќевања со појадок
- Авионски билет Скопје – Прага – Скопје
- Рачен багаж (1 торба до 10 кг, 40×30×20 см)
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Посета на Карлови Вари
- Разглед на Прага
- Лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено
- Патничко осигурување
- Туристичка такса 5 € по ноќ од соба (се плаќа во агенција)
- Индивидуални трошоци (музеи, јавен превоз)
Програма на патувањето
ДЕН 1 – СКОПЈЕ → ПРАГА (16.01.2026)
Средба на аеродромот Скопје два часа пред полетување. Полетување во 14:20. По пристигнување во Прага – трансфер и сместување во хотел. Прошетка до центарот на градот. Ноќевање.
ДЕН 2 – ПРАГА (17.01.2026)
Појадок. Организиран разглед: Храдчани, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вит, Карловиот мост, Староместске намести, Астрономскиот часовник и црквата Тин. Попладне слободно време и можност за крстарење по Влтава. Ноќевање.
ДЕН 3 – КАРЛОВИ ВАРИ (18.01.2026)
Појадок. Целодневна посета на Карлови Вари – лековито бањско место, колонади, гејзерот Вридло и православната црква „Св. Петар и Павле“. Слободно време. Враќање во Прага. Ноќевање.
ДЕН 4 – ПРАГА → СКОПЈЕ (19.01.2026)
Појадок и слободно време. Прошетка низ Прага, можност за trdelnik и чешко пиво. Трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 17:10.
Важно
- Минимум 30 патници за реализација
- Резервација со 30% аванс и копија од пасош
- Целосна доплата 15 дена пред поаѓање
- Уплата во денари по курс 1 € = 62 МКД
- Важност на патни документи мин. 3 месеци по завршување
- Доплата за еднокреветна соба: 120 €
- Деца до 11,99 г. со 2 возрасни: 389 €
- Организаторот го задржува правото на измени и отказ



