02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Прага - Божиќен базар

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

ПРАГА

Градот на стоте кули
11.12.2026 – 14.12.2026
4 дена / 3 ноќевања
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 379 €
по лице • за првите 8 места
РЕДОВНА ЦЕНА 449 €
по лице
✈️ ЛЕТ Скопје – Прага – Скопје
🏨 ХОТЕЛ Hotel Ilf 3★
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🚌 ТРАНСФЕР Аеродром – хотел – аеродром

Прага – градот на стоте кули

Прага е еден од најубавите и најромантичните европски градови, познат по својата богата историја, прекрасна архитектура и магична атмосфера.

Градот плени со калдрмисаните улици, готските катедрали, старите мостови, живописните плоштади и прекрасните градби кои создаваат уникатна атмосфера.

Меѓу најпознатите знаменитости се Карловиот мост, Прашкиот замок, Астрономскиот часовник – Орлој и Стариот град.

Прага е идеална дестинација за прошетки, историја, традиционална чешка гастрономија и незаборавно европско патување.

Програма на патувањето

ДЕН 1
11.12.2026 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје.

Полетување за Прага во 10:40 часот.

Слетување во Прага во 12:55 часот.

По царинските формалности следува организиран трансфер до хотелот.

Сместување во хотел и слободно време.

Во приквечерните часови, по предлог на придружникот на групата, можност за прво запознавање со Прага и организирана прошетка.

Ноќевање.

ДЕН 2
12.12.2026 | САБОТА
РАЗГЛЕД НА ПРАГА – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

Појадок во хотел.

По појадокот следува организиран разглед на Прага со локален водич.

Во рамки на разгледот се предвидени дел од најпознатите знаменитости:

  • Карловиот мост
  • Плоштадот на Малтешките витези
  • Споменикот на Карло IV
  • Кралскиот пат
  • Еврејскиот кварт
  • Париската улица
  • Староградскиот плоштад
  • Астрономскиот часовник – Орлој
  • Црквата Лорето
  • Градската куќа
  • Прашната кула
  • Националниот музеј
  • Дворецот Храдчани
  • Катедралата Св. Вито
  • Златната улица

Остатокот од денот е слободен за индивидуални активности.

Ноќно крстарење по Влтава

Во вечерните часови можност за факултативно крстарење по реката Влтава и уживање во вечерната панорама на Прага.

Ноќевање.

ДЕН 3
13.12.2026 | НЕДЕЛА
ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок во хотел.

По појадокот можност за факултативна посета на Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка и едно од омилените места на европската аристократија.

За време на посетата ќе имате можност да ги видите познатите топли извори и да се запознаете со лековитите својства на минералните води.

Предвидено е слободно време за индивидуални прошетки, купување сувенири и локални производи карактеристични за Карлови Вари.

Во договорено време враќање назад кон Прага.

Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 4
14.12.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ПРАГА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел.

По појадокот следува слободно време во Прага за индивидуални прошетки, шопинг и дополнително уживање во градот.

Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.

Полетување кон Скопје во 21:20 часот.

Слетување во Скопје во 23:20 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Лет Скопје – Прага – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба до 8 kg
  • Димензии на торба: 40 × 30 × 20 cm
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во Hotel Ilf 3★
  • 3 ноќевања на услуга BB – појадок
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот
  • Придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса: 4 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
  • Посета на Карлови Вари со организиран трансфер – 50 €
  • Крстарење по Влтава – 20 €
  • Патничко осигурување
  • Билети за јавен превоз
  • Задолжително пријавување на една дополнителна екскурзија

Дополнителни екскурзии

КАРЛОВИ ВАРИ

50 €

Факултативна посета на најпознатиот бањски центар во Чешка.

Во цената е вклучен организиран трансфер.

Можност за прошетка низ градот, посета на познатите топли извори и слободно време за индивидуални активности.

КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

20 €

Вечерно крстарење по реката Влтава со можност да ја доживеете Прага од поинаква перспектива и да уживате во вечерната панорама на градот.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА!

Важна напомена за екскурзиите

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.

Реализацијата на екскурзиите зависи од:

  • минимум 16 пријавени патници
  • достапност на влезници во моментот на резервација

Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Патни документи

За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.

Начин на плаќање

Резервација

30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна уплата

Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс: 1 € = 62 денари.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
  • За време на панорамскиот разглед на градот не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен доколку тоа не е посебно наведено.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
За оваа програма важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Атлантис.
Фото Галерија