- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Париз во декември
- Општи информации
- Галерија
ПАРИЗ
Париз – градот на светлината
Париз е градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата кула, авенијата Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, Moulin Rouge и Богородичната црква.
Градот има повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр – сликарската „Мека“, Пигал – еден од најживите квартови со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани.
Париз е град на сите уметности и светската мода, познат по парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна и повеќе од 100 km метро. Париз е град кој никогаш и никого не остава рамнодушен.
Програма на патувањето
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот.
Полетување кон Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:05 часот.
По пасошка и царинска контрола следува организиран трансфер до хотелот за оставање на багажот.
Во попладневните часови следува можност за пешачки разглед на Париз со локален водич.
Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места: Латинскиот кварт, Нотр Дам, Монмартр, црквата Sacré-Cœur, улицата Пигал и познатиот Moulin Rouge.
Во попладневните часови следува сместување во хотел.
Слободно време за одмор и индивидуални активности.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
Дворец Версај
По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз.
Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век.
Во разгледот не се вклучени градините.
По завршувањето на посетата следува враќање назад кон Париз и слободно време во центарот на градот.
Крстарење по Сена
Следува можност за крстарење по Сена во времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
Музеј Лувр
По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – Лувр.
Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивното преселување во Версај.
Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и познатата Мона Лиза.
Ајфелова кула
Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат.
Слободно време за индивидуални прошетки.
Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais).
Полетување кон Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Слетување во Скопје во 12:25 часот.
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Директен лет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- Сместување во хотел 3★
- Услуга BB – ноќевање со појадок
- Прошетки низ Париз со претставник од агенцијата
- Организација на аранжманот
- Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во хотел
- Доплата за еднокреветна соба: 150 €
- Патничко осигурување – задолжително е секој патник да поседува
- Билети за јавен превоз со метро – карнет за 10 возења, задолжително, цена околу 20 €
- Пешачки разглед со локален водич – 25 €
- Посета на Версај – 80 €
- Крстарење по Сена – 25 €
- Посета на Лувр – 45 €
- Влезница за Ајфеловата кула – индивидуално, на лице место
- Дизниленд – цена на влезница при уплата
- Задолжително пријавување на 2 екскурзии од понудените подолу
Дополнителни екскурзии
ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ
Во попладневните часови следува разглед на градот со локален водич и прошетка по прекрасните париски улици и градби.
Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места:
- срцето на Париз
- Латинскиот кварт
- Нотр Дам
- Монмартр
- црквата Sacré-Cœur
- улицата Пигал
- Moulin Rouge
ВЕРСАЈ
- Влезница за дворецот
- Локален водич
- Организиран трансфер
Градините не се вклучени во цената.
КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива.
МУЗЕЈ ЛУВР
Индивидуална влезница со резервиран термин.
Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција.
АЈФЕЛОВА КУЛА
Индивидуална посета. Влезницата се купува на лице место.
- До втор кат: 28 €
- До трет кат: 40 €
Цените се информативни и се однесуваат на пристап со лифт.
ДИЗНИЛЕНД
Цена за влезницата се потврдува при уплата на аранжманот, поради променливиот карактер на цените.
Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
- минимум 16 пријавени патници
- достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на програмата не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
Патни документи
За патувањето е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Општи напомени
- Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците на локалитетите и музеите.
- За време на панорамскиот разглед не се предвидени посети во внатрешноста на јавни згради, институции или културни споменици.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од предвидените локалитети и слично.



