- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Париз во септември
- Општи информации
- Галерија
ПАРИЗ
Париз – градот на светлината
Париз е градот на светлината, препознатлив по Ајфеловата кула, авенијата Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, Moulin Rouge и Богородичната црква.
Градот располага со повеќе од 30 мостови, околу 400 цркви, Монмартр – познатата сликарска „Мека“, Пигал – еден од најживите квартови со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани.
Париз е град на уметноста и светската мода, познат по парфемите, виното, коњакот, богатата гастрономија и големата метро-мрежа. Париз е град кој никого не остава рамнодушен.
Програма на патувањето
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 10:10 часот.
Полетување кон Париз во 12:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 15:10 часот.
По пасошка и царинска контрола следува организиран трансфер до хотелот и сместување.
По краток одмор, можност за пешачка тура со локален водич.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
Дворец Версај
По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз.
Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век.
Во разгледот не се вклучени градините.
По завршување на посетата, враќање назад кон Париз – околу 15 km. Следува слободно време во центарот на градот.
Крстарење по Сена
Можност за 1-часовно крстарење по реката Сена и доживување на Париз од поинаква перспектива.
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел.
Музеј Лувр
По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи – Лувр.
Лувр околу 700 години бил резиденција на француските кралеви, сè до нивната преселба во Версај.
Во музејот се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела, меѓу кои и светски познатата Мона Лиза.
Ајфелова кула
Во попладневните часови можност за индивидуална посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка, со можност за искачување до третиот кат.
Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро.
Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais).
Полетување кон Скопје во 15:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Слетување во Скопје во 18:30 часот.
Во цената е вклучено
✈️ Лет и трансфери
- Директен лет Скопје – Париз – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
🏨 Сместување и организација
- Сместување во хотел Ibis Paris Pantin Eglise 3★
- Услуга BB – 3 ноќевањa со појадок
- Организација на аранжманот
- Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
- Туристичка такса: 5 € по лице / ноќ – се плаќа во агенција
- Доплата за еднокреветна соба: 150 €
- Патничко осигурување
- Билети за јавен превоз со метро – карнет за 10 возења
Дополнителни екскурзии
ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ
Пешачки разглед на Париз со локален туристички водич.
ВЕРСАЈ
- Влезница за дворецот
- Локален водич
- Трансфер
Градините не се вклучени во цената.
КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА
Крстарење со брод по реката Сена.
МУЗЕЈ ЛУВР
Индивидуална влезница со резервиран термин.
Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција.
АЈФЕЛОВА КУЛА
Индивидуална посета. Влезницата се купува на лице место.
- До втор кат: 28 €
- До трет кат: 40 €
Цените се информативни и се однесуваат на пристап со лифт.
ДИЗНИЛЕНД
Цена за влезница се потврдува при уплата, поради променливиот карактер на цените.
Важна напомена за екскурзиите
Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници за наведените екскурзии, клиентите мора да се изјаснат за истите при резервација на патувањето.
Реализацијата на екскурзиите зависи од:
- минимум 16 пријавени патници
- достапност на влезници во моментот на резервација
Не се гарантира реализација доколку клиентот се одлучи за посета на лице место.
Реализацијата на програмата не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.
Патни документи
За ова патување е потребен важечки пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
Начин на плаќање
Резервација
30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна уплата
Најдоцна 15 дена пред почетокот на патувањето.
Општи напомени
- Организатор на аранжманот е Т.А. Атлантис.
- За реализација на аранжманот се потребни минимум 16 пријавени патници.
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот.
- Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците за локалитетите и музеите.
- За време на панорамскиот разглед на градот не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на лет, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.


