Париз во Ноември
- Општи информации
- Галерија
ПАРИЗ
01.11. – 04.11.2025
4 дена/3 ноќевања
Париз - градот на
Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе,
музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта,
кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која
нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“,
Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град
на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои
во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат
парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу
светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен.
Проверете зошто е тоа така...
ПРОМОТИВНА ЦЕНА : 449 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
Директен лет на релација Скопје - Париз - Скопје со
авикомпанијата Wizz Air;
Аеродромски такси
Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
Организирани прошетки според програматa;
Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е
вклучено:
Туристичка такса 5,2 € по
лице на ноќ - се плаќа во агенција;
Доплата за еднокреветна соба 150 Еур.
Патничко осигурување;
Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
ФАКУЛТАТИВИ
Пешачки разглед со локален водич - 20 €;
Посета на Версај - 80 € со вклучена влезница за дворецот
(градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;
Крстарење со брод по Сена - 25 €;
Посета на Лувр - 45 € (индивидуална влезница со термин+
пратител , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
Влезница за Ајфелова Кула (на лице
место) индивидуално – информативни цени - до втор кат - 28 €, до трет кат
- 40 € (со лифт);
Задолжително минимум две факултативи - пријавување во агенција
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на
аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на
истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска
противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20
патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум
90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на
аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот
го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот
на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на
факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на
локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени
посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни
споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на
реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на
програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како
на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за
патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС