02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Острог

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

ОСТРОГ  - Манастир Василије Острошки

10.10-12.10.2024

 

 

 

10.10 (четврток)

Состанок на групата во договорено време. Поаѓање од Струмица во 21.30 пред Летница 2, Радовиш во 22.00 пред автобуската станица кон Црна Гора преку граничен премин Блаце низ Косово, Албанија.

11.10 (петок)

Пристигнување во Будва,слободна прошетка .Продолжување на патувањето кон Острог. Манастирот во Острог е едно од најпосетените светилишта на Балканот и е место на кое што многу верници успеаа да го пронајдат својот спас....Попладнето го поминуваме во манастирот. Сместување во конаците на Горниот манастир и присуство на вечерната литургија. Ноќевање во манастирските конаци(на отворено).

12.10 (сабота)

Можност за присуство на утринската литургија.Заминување кон Македонија со попатни паузи  и пауза за ручек .Пристигнување во Македонија во касните вечерни  часови.

 

 

ЦЕНА: 2400 мкд по лице

 

Во цената е вклучено:

- Организиран превоз на дадената релација со високотуристички автобус

- Ноќевање на отворено ( бесплатно)

- Организација и водство од страна на агенцијата

 

Во цената не е вклучено:

- Превоз од Долниот до Горниот манастир во Острог (со комбиња до манастирот) – 1 еур во правец

- Ноќевање во Долниот конак – 5 еур (се плаќа во конакот, со предвремена резревација)

- Патничко осигурување

- Туристичка такса за влез во манастирскиот комплекс 1 еур

 

Дополнителни информации: Можност да си понесете храна за време на патувањето. Во манастирот се влегува пристојно облечен, во долги панталони за мажите и кошули или блузи со ракави, а за жените здолниште (сукња) со пристојна должина и по можност марама на главата.

 

Напомена: За реализација на овој аранжман потребно е минимум 45 патници.

За ова програма важат општите услови за патување на СКТМ и ТА АтлантиС

Фото Галерија