02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Малта - 8 Март

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

МАЛТА – МАРТ 2027

Медитеранско патување низ Валета, Мдина, Гозо и Marsaxlokk
05.03.2027 – 08.03.2027
4 дена / 3 ноќевања
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 329 €
3 ноќевања со појадок
✈️ ПРЕВОЗ Директен лет со Wizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★
🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок
🧳 БАГАЖ Мала торба 40 × 30 × 20 cm

Малта – медитерански остров со посебен шарм

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино се лоцирани во центарот на Медитеранот и се препознатливи по поволната клима, големиот број сончеви часови и кристално сините води.

Историското наследство на Малта сведочи за околу 7.000 години цивилизација и за различните народи кои низ вековите владееле со островот и оставиле свои траги.

Особено значаен е периодот на Витезите од редот на Свети Јован, чие наследство и денес е видливо во архитектурата, тврдините и градовите на островот.

Оваа мешавина од култури, историски споменици и туристички атракции ѝ дава на Малта посебен медитерански шарм.

Програма на патувањето

ДЕН 1
05.03.2027 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот.

Полетување за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.

Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот.

Следува организиран трансфер до хотелот и сместување.

Слободно попладне за индивидуални активности.

Ноќевање.

ДЕН 2
06.03.2027 | САБОТА
МДИНА – МОСТА – ВАЛЕТА

Појадок.

Можност за полудневен факултативен излет на централна Малта со посета на Мдина, Моста и Валета.

Мдина – тивкиот град

Се упатуваме кон стариот главен град на островот, Мдина, познат и како „Тивкиот град“.

Прошетката низ тесните и сликовити улички нуди можност да се запознаете со дел од богатата историја на Малта.

Од градските ѕидини се отвора прекрасен панорамски поглед кон островот.

Моста

Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St. Marija Assunta, изградена во XIX век по примерот на римскиот Пантеон.

Црквата е позната и по настанот од Втората светска војна, кога бомба паднала низ кровот, но не експлодирала.

Реплика од бомбата и денес се чува во црквата.

Валета

Во договорено време се упатуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич.

Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Јован.

Прошетката води кон Upper Barrakka Gardens, од каде се отвора импресивен панорамски поглед кон Grand Harbour.

Следува слободно време за индивидуални активности во Валета.

Индивидуално враќање во хотел.

Ноќевање.

ДЕН 3
07.03.2027 | НЕДЕЛА
МАЛТА – ГОЗО

Појадок.

Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо, вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг.

Victoria / Rabat

Во утринските часови се упатуваме со климатизиран автобус кон главниот и најнаселен град на островот – Victoria, во минатото познат како Rabat.

Главна атракција е Цитаделата, која се наоѓа на возвишение од каде се отвора панорамски поглед кон градот.

Првите остатоци од населба датираат од неолитот, додека тврдината во различни периоди била развивана од Феничаните, Римјаните и подоцна од Витезите на Малтешкиот ред.

Во рамките на комплексот се наоѓаат импресивна катедрала и археолошки музеј.

Ġgantija Temples

Продолжуваме кон Ġgantija Temples, предисториски комплекс познат како една од најстарите монументални градби на Малта.

Dwejra

Следува посета на познатата област Dwejra, препознатлива по драматичниот карпест пејзаж.

Xlendi

Турата продолжува кон Xlendi, познато крајбрежно селце на Гозо.

Следува слободно време за индивидуални активности и ручек во организација на агенцијата.

Враќање во хотел.

Слободно време.

Ноќевање.

ДЕН 4
08.03.2027 | ПОНЕДЕЛНИК
MARSAXLOKK – МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок.

По појадокот се упатуваме во посета на Marsaxlokk.

Marsaxlokk

Marsaxlokk, што се изговара „марса-шлок“, значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа во југоисточниот дел на островот.

Тоа е најголемото рибарско село на Малта и е познато по својата живописна крајбрежна атмосфера и шарените традиционални чамци.

Местото е препознатливо по големиот број ресторани со свежа риба и прекрасната медитеранска сценографија.

Blue Grotto

Се препорачува можност за тура со брод до познатите пештери Blue Grotto.

Следува слободно време за индивидуални активности.

Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот.

Полетување за Скопје во 15:35 часот.

Слетување во Скопје во 17:15 часот.

Во цената е вклучено

✈️ Лет и трансфери

  • Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта
  • Мала кабинска торба 40 × 30 × 20 cm

🏨 Сместување и организација

  • Сместување во хотел 3★ на Малта
  • 3 ноќевања со појадок
  • Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
  • Професионална организација на аранжманот

Во цената не е вклучено

  • Доплата за чекиран куфер до 20 kg – цена 2–3 дена пред тргнување
  • Туристичка такса – 8 € по лице / ден – се плаќа во хотел
  • Полудневен факултативен излет Валета и централна Малта – 55 €
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо – 60 €
  • Факултативен излет Marsaxlokk – 30 € ( задолжителна )
  • Ручек и влезници во објекти или локалитети за време на факултативните излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко-здравствено осигурување

Факултативни излети

ВАЛЕТА & ЦЕНТРАЛНА МАЛТА

55 €

Полудневен излет со:

  • трансфер
  • локален водич
  • Мдина
  • Моста
  • Валета

ОСТРОВОТ ГОЗО

60 €

Целодневен факултативен излет со:

  • трансфер
  • брод
  • локален водич

MARSAXLOKK

30 €
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

Во цената се вклучени:

  • трансфер
  • придружник од агенцијата
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ

Важно за факултативните излети

Поради потребата од навремено резервирање на трансфери и влезници, клиентите мора да се изјаснат за факултативните излети при резервацијата на патувањето.

Реализацијата на факултативните излети зависи од бројот на пријавени патници и достапноста на влезници во моментот на резервирање.

За реализација се потребни минимум 16 пријавени патници.

Агенцијата не гарантира реализација доколку патникот се одлучи за посета на лице место.

Реализацијата на основната програма не зависи од реализацијата на дополнителните екскурзии.

Општи напомени

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС.
  • Резервација се прави со уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот и копија од валиден пасош.
  • Целосната уплата на аранжманот се врши 15 дена пред почетокот.
  • Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 пријавени патници.
  • За патувањето е потребен пасош со важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот има право да го промени денот или часот на патувањето, како и да направи потребни измени во програмата доколку се променат условите за патување.
  • Како такви се наведуваат променет распоред на лет, принудно слетување, застој на граница или во сообраќај, затворање на некој од локалитетите, визни промени, безбедносна состојба, природни непогоди или други објективни околности и виша сила.
  • Во случај на недоволен број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот во целост 5 дена пред датумот на започнување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците за локалитетите и музеите.
  • За време на панорамските разгледи не се предвидени посети во внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот го задржува правото на промена на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.
МАЛТА – МАРТ 2027

05.03.2027 – 08.03.2027
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

ЦЕНА 329 €
Фото Галерија