02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не

Малта

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации


Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино, лоцирани во срцето на Медитеранот, со пријатна клима, изобилство од сончеви денови и кристално чисти сини води, претставуваат вистински рај за сите љубители на патувања и нови доживувања.

Богатото историско наследство на Малта сведочи за повеќе од 7000 години цивилизација. Низ вековите, островот бил освојуван од различни народи, кои оставиле длабоки траги во културата и архитектурата. Посебен белег остава периодот на владеење на познатите витези од редот на Свети Јован.

Денес, оваа уникатна комбинација од култури, бројни историски споменици и атрактивни туристички локации ѝ дава на Малта неповторлив шарм кој привлекува посетители од целиот свет.


Што е вклучено во цената:

  • Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје
  • Аеродромски такси
  • Трансфер: аеродром – хотел – аеродром (Малта)
  • Сместување во хотел 3★ на Малта – 3 ноќевања со појадок
  • Мала кабинска торба (40 x 30 x 20 cm)
  • Туристички придружник од агенцијата за време на целото патување
  • Професионална организација на аранжманот

Што не е вклучено во цената:

  • Доплата за куфер од 20 kg (цената се одредува 2–3 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса: 3 € по лице на ден (се плаќа во агенција)

Факултативни излети:

  • Полудневен излет до Валета и централна Малта (трансфер + локален водич) – 55 €
  • Вечерна Валета (трансфер + локален водич) – 30 €
  • Целодневен излет до островот Гозо (трансфер + брод + локален водич) – 60 €
  • Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) – 30 € (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА)
  • Popeye Village (трансфер + влезница) – 25 €

Напомена:

  • Во цената на факултативните излети не се вклучени ручек и влезници за објекти и локалитети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко-здравствено осигурување

 


Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
Фото Галерија
📲 Viber 💬 WhatsApp 📞 Call Instagram TikTok