02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не

КРФ - лето 2022

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
Дополнителни информации
КРФ ЛЕТО 2022

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, 
Грција носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена.  Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници. Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и ЛондонГолемиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) - Скопје
  • Пратител за време на патувањето
  • Организирана програма за секој ден низ островот
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето

Ви цената Не е вклучено :

  • Траект Игуменица - Крф - Игуменица
  • Факултативни излети и индивидуални трошоци на патниците
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 0,50 центи по соба од ден
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Други услуги кои не се наведени во програмата

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

Villa Escape

400 метри оддалеченост од плажа, вилата располага со  двокреветни студија и четирикреветни двоспални апартмани (од кои два апартмани се наѓаат на приземје, четири на спрат и едно двокреветно студио во ниско приземје). Секоја соба има мини кујна, опремена со основен прибор, мал фрижидер, решо, аспиратор, тоалет, тераса и wi-fi интернет во заедничкот простор. За секој патник следуваат основните лични средства за хигиена (крпи и тоалетна хартија). Вилата е климатизирана и се доплаќа по 5 евра од ден.

Villa Zeus

 

Се наоѓа на околу 400 метри од плажа. Пред неа се наоѓа спорско игралиште, а зад неа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца. Во дворот има базен со бар и лежалки. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење и основен прибор за јадење. Собите се опремени со ТВ, Wi-fi, клима уред.

Villa Statis

 

Сместена на само 50 метри од плажа и веднаш до најповолниот маркет во тој дел на островот. Вилата располага со сопствен ресторан. Собите се во класичен грчки стил, со мини кујна, тоалет, мала тераса и клима уред. Кујната располага со фрижидер, решо, аспиратор и основен кујнски прибор.

Villa Andreas

 

Вилата Андреас се наоѓа на 350 метри од плажа и располага со сопствен базен, бар, градина и тераса. Сместувањето располага со двокреветни студија и четирикреветни двоспални апартмани. Секоја соба има клима уред, мини кујна со мало фрижидерче и сопствено купатило.


Напомена:

  • Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е ден порано).
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
  • Забрането е групирање на гостите внатре во сместувачките капацитети, а исто така се забранува и преместување на било какви предмети од една соба во друга.
  • Гостите можат да се групираат само околу базенот на вилата, почитувајќи ги протоколите донесени од страна на грчките власти.
  • Вилата исто така располага и со доктор согласно законот донесен од страна на грчкото Министерство за здравство, согласно условите предвидени во случај на пандемија.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
  • Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Факултативни екскурзии

 

Крстарење со брод

Крстарењето со брод е еден од најинтересните начини да се доживеат природните убавини на Крф со целодневно, релаксирано крстарење по североисточниот брег на островот. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со посета на Барбати, Нисаки, Калеми и Комура, плажата Лумнопула, а доколку имате среќа ќе можете да направите и некоја фотографија со делфини, посета на рибарското гратче Касиопи и завршува со посета на пештера стара 200 години, совршена за нуркање. Целодневно забавување со музика, скара приготвена на самиот брод, нуркање и многу дружење за една вистинска, незаборавна летна авантура.

 

Глифада

Глифада е една од најпознатите плажи на Крф, што е сосема очекувано бидејќи имате можност да уживате во златен ситен песок и кристално чисто тиркизно море. Се наоѓа на 16км од главниот град на Крф во близина на Пелекас. Кога се во прашање плажи, Глифада е симбол на островот. Плажата е песочна и опкружена со карпи покриени со дрвја. Стрмното спуштање на плажата нуди одличен поглед на заливот. На Глифада ќе го доживеете едно од најпрекрасните зајдисонца. Плажата е добро организирана, со лежалки и чадори, спортски активности на вода (како изнајмување на велосипед на вода и др.)

Глифада е модерен крајбрежен центар со многу луксузни хотели, ресторани и барови. Во близина на плажата има голф и коњски клуб, а во истото подрачје има и воден парк.

Друга предност е што оваа плажа е рајот за сите млади луѓе, бидејќи музиката и забавата никогаш не стивнуваат.