Крф 24 Мај
- Општи информации
- Галерија
Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино - бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како "Зелениот Смарагд", вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници. Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.
Напомена:
· За сопствен превоз се одземаат 20 евра од редовната цена на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
· Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
· Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
· Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.
· Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
· Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) – Скопје
· Траект Игуменица - Крф – Игуменица
· 3 ноќевања во апартмани на база на наем
· Прошетка низ стариот дел на градот Крф
· Пратител за време на патувањето и престојот
· Трошоци за организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
· Факултативни излети:
¨ La Grotta, Paradise Beach, Akron Beach Bar 35 €
¨ Сидари со Каналот на љубовта, 7th Heaven 20 €
· Индивидуални трошоци на патниците
· Патничко осигурување (задолжително)
·
Еднокреветна соба – плус 70% од износот
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
· Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
· При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
· Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.