КОЛУМБИЈА
„ Непозната и
необична“
ИЗВЕСТУВАЊЕ за COVID-19:
Границите
се отворени за вакцинирани патници . Целосниот
протокол прочитајте го на линкот.
Богота –Зипакуира – Меделин – Картагена
Датум: 07.10.2022 – 16.10.2022
Цена на пакет аранжман
по лице :
Датум на патување
|
Пакетна цена по лице за сместување во двокреветна соба
|
Пакетна цена за сместување во еднокреветна соба
|
Пакетна цена за 3то лице во соба
|
07.10 - 16.10.2022
|
2450€
|
2755€
|
На барање
|
ü
Авионски билет за меѓународен лет Скопје-Истанбул-Богота–Истанбул-Скопје соавиокомпанијата “
Turkish Airlines” и дозволен багаж до 30 кг;
ü
Аеродромски такси;
ü
Внатрешни летови, како што се следниве: Богота- Меделин;
Меделин-Картагена; Картагена-Богота
и дозволен багаж до 20 кг;;
ü
Сместување во хотели со 4* по маршутата;
ü
3 ноќевања со појадок во Богота во хотелот NOVOTEL 93 4* или сличен ;
ü
3
ноќевања со појадок во Меделин во хотелот DIEZ HOTEL 4* или сличен;
ü
3 ноќевања со појадок во Картагена в хотелот NH URBAN ROYAL 4* или сличен;
ü
3 ручеци во локални ресторани;
ü
Сите екскурзии
и автобуски превоз вклучени во
програмата;
ü
Влезници за посета на музеи и објекти во програмата;
ü
Водич на англиски јазик;
ü
Претставни од АТЛАНТИС за време на патувањето;
Пакетната
цена НЕ вклучува:
|
ü Бакшиши ;
ü Трошоци од личен карактер;
ü Пијалоци за време на ручек во рестораните;
ü Храна,
пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
ü
Задолжително патничко осигурување.
Услови
за резервација:
- Уплата за резервација - 100 Евра
- Уплата на 40% депозит до 28.08.2022
- Доплата на целиот аранжман најдоцна 22 дена пред реализација на истиот;
- Копија
од валидна патна исправа, со важност од минимум 6 месеци од датумот на
враќање во матичната држава;
- Доколку
авансот не се плати во рок од два дена (48 часа) или во наведениот рок,
резервацијата автоматски се брише.
- Доколку
патникот не изврши уплата на комплетниот аранжман најдоцна 22 дена пред
патувањето, ќе се смета дека патникот го откажал патувањето и е должен да
го плати надоместокот за откажување на аранжманот од страна на патникот
според Општите услови
Забелешки:
ü
Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на редоследот и
тајминзите во програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се
предмет на промени и се во зависност од состојбата на терен и други објективни
причини.
ü
При лоши временски услови или друга виша сила, организаторот на патувањето
го задржува правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување
се предмет на потврда од авиокомпаниите.
ü
Патувањето е без задолжителни медицински барања за имунизација. Препорачливо
за регионот, како и за цела Јужна Америка е вакцина против жолта треска.
ü
Краен рок за известување за доволен број на минимум патници за реализација – 30 дена пред поаѓање.
ü
Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на настаните
вклучени во програмата.
Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на
неговиот престој, сите дополнителни трошоци, вклучувајќи го и транспортот, ќе
бидат на негов трошок.
Услови за
отказ:
ü При откажување повеќе од 60 дена пред патувањето се
задржува неповратниот депозит од 40%
ü При откажување помеѓу 60-иот и 20-иотден пред
патувањето, се одзема 70% од вредноста на патувањето.
ü При откажување помалку од 20 дена пред патувањето
се одзема 100% од вредноста на патувањето.
Зошто Колумбија?!
Има илјадници причини да ја посетите Колумбија.
Земјата е една од најатрактивните за туризам во Јужна Америка и нуди безбројни
природни убавини. Стари градови и камени тврдини, модерни финансиски центри и
луксузни одморалишта, недопрени плажи и недопрена природа – сето ова е
Колумбија.
Историја и култура на Колумбија
По 16-тиот век, културата на Колумбија станува
еден неверојатен микс на индијанска, африканска и европска култура. Всушност
токму тоа е она што ја прави земјата толку шарена и возбудлива.
Топла клима
Бидејќи Колумбија се простира на екваторот,
земјата 365 во годината ужива прекрасно време. Се разбира, доколку не сте на
планините каде што дождовите и облаците во комбинација со поладно време се доста
честа појава. Во крајбрежните области на Карибите, сепак, сонцето секогаш се
насмевнува, а на сезоната за плажа никогаш не и доаѓа крај.
Знаменитости
Несомнено, Шакира е една од најпознатите личности
во шоубизнисот. Таа е родена во 1977 година во колумбискиот град Баранкила.
Уште едно познато име од оваа земја е она на музичарот Хуанес (Хуан Естебан
Аристизабел Васкес), кој потекнува од градот Меделин. За љубителите на
литературата, би било интересно да се посети музејската куќа на познатиот
писател Габриел Гарсија Маркез, кој се наоѓа во градот Аракатака, во северна
Колумбија.
Возбудливи и непознати места
Природна, дива и возбудлива - Колумбија е една од
најнепознатите и најинтересни земји во светот. Има илјадници несекојдневни
места кои вредат да се посетат, а сепак нема да се наоѓате во гужви со огромни
толпи туристи. Ова ќе го направи задоволството од патувањето уште поголемо и ќе
се почувствувате како вистински истражувач.
Јазикот
Шпанскиот јазик има многу дијалекти и звуци, а
колумбискиот се смета за еден од најдобрите. Ова ја прави латиноамериканската
земја една од најатрактивните во светот за учење на шпански јазик - вториот
најпопуларен јазик во светот.
Ниски цени
Колумбија е се уште едно од ретките места во
светот, каде што човек може да добие многу за помалку пари. За само неколку
долари или евра можеш да се најадеш кралски со сите видови на специјалитети.
Колумбијското кафе
Несомнено едно од најдобрите кафиња во светот
доаѓа од Колумбија. Локалните жители велат дека на ниту едно место надвор од Колумбија
не може да се најде овој уникатен вкус.
Луѓето
Колумбијците се топли, добронамерни и
гостопримливи луѓе. Можете да создадете нови пријателства, да се запознаете со
неверојатни луѓе, а зошто и да не ја сретнете љубовта на вашиот живот. Покрај
тоа, тука ќе ги запознаете некои од најубавите луѓе во светот.
Органска храна
Покрај тоа што е многу вкусна, храната во
Колумбија е исклучително природна. Насекаде можете да видите неверојатен избор
на тропско овошје и се е целосно природно. Всушност, кога говориме за
квалитетот на храната, Колумбија е светлосни години пред повеќето од
најразвиените земји во светот.
Неверојатните колумбијски плажи
Кога станува збор за раскошни плажи, Колумбија е
рај на земјата. Само замислете си како уживате под сенката на кокосовите палми,
златниот песок и азурните води на Карибското море.
Кафе плантажите
За вистинските истражувачи скоро и да нема
повозбудливо искуство од допирањето на извонредната природна убавина на
автентичните насади за кафе кои го раѓаат едно од најмиризливите кафиња во
светот.