Кипар
- Општи информации
- Галерија
МИНИ ОДМОР НА КИПАР - БИСЕРОТ НА СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ
459 еур СЕ ВКЛУЧЕНО БЕЗ ДОПЛАТИ!!!
4дена
/3ноќевања
Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет
по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км
крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја бил населен и освојуван
од Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци и Крстоносците,
поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со
живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна
дестинација.
Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта,
Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од
кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини,
секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено
привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте
ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој
пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште
во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото
гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни
настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се
види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
· Автобуски трансфер Скопје – Солун – Скопје
Директен лет на релација Солун –Ларнака Солун
· Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
Сместување во 3* хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел во Ларнака
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака со водич и трансфер .
Факултативна целодневна посета на Никозија ,со водич и трансфер.
·
Факултативна посета на Лимасол со водич и трансфер
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
· Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
Доколку самите си организирате трансфер до Солун се одбиваат 10 еур од цената.
За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Организатор на аранжманот е
ТА АтлантиС
- Резервација се проследува со
минимум уплата од 30% како и копија од валидна патна исправа со важност од
минимум 6 месеци од датумот на враќање;
- Целосна доплата до 15 дена
пред почеток на аранажманот;
- Цените на аранжманот се изразени
во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот
се потребни минимум од 25 пријавени лица;
- За ова патување потребно е да
поседувате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на
враќање во Македонија;
- Организаторот го задржува
правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на
цената на превозот или хотелското сместување;
- Во случај на недоволен број
на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во
целост аранжманот, најдоцна 5 дена пред датумот на започнување на
истиот;
- Организаторот го задржува
правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на
градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста
на јавните згради, институции или културни споменици
- Организаторт го задржува
правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето
го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на
непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на
летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите
предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат
општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС