02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Кипар во Февруари

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации
Ларнака – Кипар | 14–17.02.2026

Ларнака – Кипар (авион)

Промо цена: 349е
Редовна цена: 379е

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Ларнака
  • Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • посета на Аја Напа и Ларнака
  • целодневна посета на Никозија

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm) – (информации во агенција )
  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

Важно

  • За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Деца 3-11.99г плаќаат 299евра

Програма

Ден 1 Сабота (14.02.2026)

Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот.Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. . Планирано полетување за Ларнака во 20:15 ч. Предвидено пристигнување во Ларнака во 22:30ч, организиран трансфер до хотелот, сместување и ноќевање

Ден 2 Недела (15.02.2026)

Појадок во хотел. Поаѓање према главниот град на Кипар Никозија. Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство. Се посетува стариот град во Никозија – опкружен со неверојатен, совршено кружен ѕид, испрекинат со бастиони кои го прават градот да изгледа како ѕвезда одозгора. Ѕидовите биле изградени од Венецијанците во 16 век и сè уште се недопрени. Елефтерија плоштадот -и нтересно е како модерниот плоштад проектиран од Заха Хадид – топ 35 проекти, го одделува модерниот дел од градот од стариот дел на градот. Лаики Геитонија – Тоа е пешачка зона со градби од 18 век и комбинација од станбени куќи, уметнички продавници и таверни, Светата црква на Архангел Михаил – Прекрасен пример за франко-византиска архитектура каде ќе видите неверојатна вистина во внатрешноста на црквата, музејот за историја , како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопствеништво на Кипарската православна црква. Слободно време за ручек/кафе во една од традиционалните таверни во Кипар или посета на Шаколас Кулата по избор или шопиг низ уличките на Никозија. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Опсерваторијата на кулата Шаколас ќе ви понуди панорамски поглед низ Никозија во сите правци – вклучително и во окупираниот дел од градот со поглед на 200 метарско севернокипарско знаме. Посета на Карвансарајот Бујук Ан и единствената готска Селимије Џамија која претходно била православна црква. Во договореното време поаѓање према Хотел. Слободни активности Ноќевање.

Ден 3 Понеделник (16.02.2026)

Појадок во хотел. Заминување на тиркизниот рај и најпознатиот туристички центар на Кипар . Протарас и Аја Напа – со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејсажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, ќе имате можност да бидете сведоци на неверојатни погледи, идилични рибарски пристаништа, да истражите средновековни цркви, како и да го искусите познатиот жив ноќен живот, медитеранска храна, прошетка низ стариот дел на градот преполн со локални продавници и сувенири. Со автобус поаѓаме до Св. Елијас, традиционалното дрво на желби и панорамска точка за гледање на поглавје Илијада на Протарас. Од овде ќе го видите прекуморскиот Либан како и градот на духовите – Фамагуста. Далеку од метежот на централната Аја Напа, ќе добиете шанса да ги посетите морските пештери Кејп Греко – неверојатна, природна знаменитост долж крајбрежјето на Аја Напа со импресивни карпести формации и погледи. Следна станица ни е Мостот на Љубовта прекрасна туристичка атракција во Аја Напа, која се смета за еден од највпечатливите природни мостови на Кипар и паркот на склуптури. Во Аја Напа дури 14 плажи се одликувани со “Сино знаме”, па навистина нема да згрешите која плажа и да ја посетите, а најпопуларна (во Аја Напа и на целиот Кипар) е плажата Ниси. Ниси е плитка лагуна со кристално чиста, тиркизна вода и потсеќа на плажите во Малдиви. Овој ден е посветен и за уживање на Ниси Плажата – позната по белиот песок и кристално чисто море. Температурата на морето се 17 степени не е идеално за капење но е совршено за шетање покрај преубавиот залез на сонце , прошетки или кафе низ баровите што работат. Во февруари времето е сончево преку ден но вечерите се посвежи што значи ќе ви се потребни лесни јакни. Овој период ви е гаранција за уживање во мир и релаксација. Во договореното време враќање према хотел. Слободни активности. Ноќевање во Ларнака.

Ден 4 Вторник (17.02.2026)

Појадок во хотел. Одјавување од собите , по одјавувањето од собите следува организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиштето Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. Предлог за ручек во една од традиционалните таверни во Ларнака со поглед кон море и дегустација на традиционално сирење Халуми и Клефтико .

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  • За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС
Дополнителни информации

Промо цена: 349е
Редовна цена: 379е

 


Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Ларнака
  • Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака
  • Факултативна целодневна посета на Никозија

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm) – (информации во агенција )
  • Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

     

    Важно

    • За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника
    • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
    • Деца 3-11.99г плаќаат 299евра

       

      Општи напомени:

      ·         Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;

      ·         Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;

      ·         Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

      ·         Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

      ·         За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;

      ·         За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

      ·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

      ·         Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

      ·         Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

      ·         За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

      ·         Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

      ·         Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

      За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

       

     

Фото Галерија