Истанбул Велигден ( 3 ноќи )
- Општи информации
- Галерија
- Три ноќевања и појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз ( Скопје,Велес,Штип,Неготино,Струмица,Смоквица ,Гевгелија,Прилеп и Битола)
- Туристчка такса
- Туристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
- Посета на аутлет трговски центар ,, 212
- Индивидуални трошоци
- Балат и Таксим (задолжителна екскурзија) - 25 еур по лице
- Други факултативни излети
- Патничко осигурување
Факултативни излети
Миниатурк и Ортаќој - Цена за пакет: 25e
-Миниатурк е
доказ за богатата историја и архитектонската величина на
Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во
Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од
целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални
информации за нејзиното историско
значење.
-Ортаќој
Кога
веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
Сместен
на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од
најубавите зајдисонца .
Балат & Таксим Плоштад (задолжителна екскурзија) - Цена за пакет: 25е
-Балат
Балат
важи за една од Христијанските населби во
Истанбул каде што може да се
сретнат многу цркви, меѓу кои и
Железната црква која е донација и е
изградена од вештите раце
македонски мајстори, кадешто е закопан
Партеније Зоографски. Додека
сме во Балат се посетува Христијанската
Патријаршија, кадешто ќе може
да влезете индивидуално. По посетата
групата има слободно време
околу час и половина за прошетка по
уникатните историски шарени
улички, имате можност да ги доловите
моментите каде се снимаат
турските серии и да се напиете турско кафе,
варено на
песок.
-Таксим плоштад
Главниот
центар на градот, на кој се
одржуваат главните митинзи и прослави!
Покрај Таксим поминува
познатата улица „Истикал“ на која се движи
познатиот трамвај!
На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а
за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе
изгубат ориентација за
време бидејќи има премногу
продавници. Ова значи дека групата има
идеална можност за поминување
на слободно време, за сечиј вкус.
Крстарење по Босфор , Бејлербеи, Палата Ќучуксу, Кадиќој, Бујул, Џамлича тераса - Цена за пакет: 85е
-Крстарење по
Босфор
Ви
нудиме 1 часа крстарење, незаборавно
доживување, еден поинаков
Истанбул. Сите луксузни вили
кои вредат милиони од познатите серии,
Босфорскиот мост под кој може
да фрлите паричка и замислите желба како и
знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете
историјата од нашиот
водич, сето ова може да го
доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се
погрижи ова крстарење да го доживеете на
вистински начин. На крстарење
тргнуваме од европската страна
на Истанбул а бродот не остава во
азискиот дел на Истанбул
-Бејлербеи
-Палата Ќучуксу
Павилјонот
Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја
користеле османлиските
султани при своите кратки
престојувања и кога оделе на лов.Сместена во
населбата Ќучуксу во областа
Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата
палата е дизајнирана од Никогос
Балјан и завршена во 1857
година.Павилјонот се состои од
два главни ката и подрум со кујна, сала и
службенички простории. За разлика од другите
градини на палатата со
високи ѕидови, нејзината
градина е опкружена со огради од леано железо
со една порта на секоја од
четирите страни.Во почетокот на
републиканската ера, локацијата
неколку години се користела како државен
пансион. Од темелната реставрација во 1944
година, палатата е отворена
за јавноста како
музеј.
-Кадиќој
Кадиќој
е една од најпознатите
области во Истанбул, Турција. Се наоѓа
на анадолската
страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска,
овде се наоѓаат едни од
најголемите станбени и финансиски центри во
градот.Претсавува живописен квартал
на азиската страна на Истанбул,
познат по шарените улици и
раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye,
која е полна со шарени кафулиња и
продавници.Можете да пробате одлични
баклави или други десерти во
некои од овие кафулиња или да застанете за
одлично кафе.
-Чамлиџа-џамија– Çamlıca Camii— џамија во округот Усќудар на градот Истанбул и најголемиот муслимански храм во Турција. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возил
ВИП ПАКЕТ - Цена за пакет: 125е
***Вип пакетот вклучува посета на сите атрактивни знаменитости .
- Задолжителна проверка на пасошот. За влез и излез од Р. Турција потребно е Вашиот пасош да има најмалку 6 месеци важност од датумот на излез од Р. турција. Исто така потребно е пасошот да биде од новите пасоши со Р.С Македонија
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
- За сместување на само едно лица во соба се доплаќа 40 евра на основната цена на аранжманот.
- СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
- Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од редовниот износ на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција




