- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Истанбул - 8 Декември ( 2 ноќи )
- Општи информации
- Галерија
ИСТАНБУЛ
Истанбул – град на два континента
Сите милионски градови имаат свој посебен шмек, но Истанбул е навистина нешто посебно.
Познат низ историјата како Византион, Константинопол, Цариград и Истанбул, тој претставува уникатна метропола која спојува два континента и два света.
Истанбул во себе ги спојува реалноста и фантазијата, минатото и сегашноста, материјалното и духовното.
Низ вековите бил дом на различни култури и центар на големи империи, поради што денес во градот можат да се видат бројни џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули.
Прекрасниот Босфор, историските остатоци од различни цивилизации, живописните населби и извонредната турска гастрономија се само дел од причините поради кои Истанбул е град во кој секогаш сакате повторно да се вратите.
– Наполеон Бонапарта
Програма на патувањето
Поаѓање од паркингот на Хотел Русија во Скопје околу 16:00 часот.
Следува ноќно патување кон Турција, со попатни паузи и царински формалности.
За време на патувањето следува презентација на програмата и информации за начинот на нејзината реализација.
Туристичките придружници се обучени и искусни во спроведување на протоколот за безбедност за време на патувањето.
Агенцијата ги контактира патниците до два дена пред поаѓањето со информација за точното време и место на поаѓање.
Седиштата во автобусот се нумерираат според хронологијата на извршените уплати.
Доколку патникот има посебно барање за конкретно седиште, истото се доплаќа во агенција.
Ноќно возење.
Пристигнување на групата во Истанбул.
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, кој се остава во просторија предвидена за чување багаж.
Check-in во хотелот е после 14:00 часот.
Туристичкиот придружник е задолжен за комуникацијата со рецепцијата, а клучевите од собите се распределуваат според списокот на уплати во агенцијата.
Историски Истанбул
По пристигнувањето, групата заедно со туристичкиот придружник започнува со пешачка тура.
Во рамките на турата се предвидени:
- Капали Чаршија
- Аја Софија
- Сината џамија
Влегувањето во џамиите е индивидуално.
Балат
Продолжуваме кон Балат, една од познатите христијански населби во Истанбул.
Во населбата се наоѓаат бројни цркви, меѓу кои и Железната црква, поврзана со историјата на македонските мајстори.
Во овој дел е поврзан и споменот на Партениј Зографски.
По посетата следува околу час и половина слободно време за прошетка низ познатите шарени историски улички.
Таксим и Истиклал
Турата продолжува кон областа Таксим, еден од главните центри на современ Истанбул.
Покрај плоштадот поминува познатата улица Истиклал, по која се движи карактеристичниот историски трамвај.
Истиклал е позната по бројните кафулиња, ресторани, продавници и места за забава.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот започнува ден исполнет со можност за дополнително запознавање на Истанбул.
Крстарење по Босфор
Предвидено е 90-минутно крстарење по Босфор.
Можност да го доживеете Истанбул од сосема поинаква перспектива – луксузни вили, историски знаменитости, познати локации од турските серии и прекрасната панорама на градот.
Бејлербеи
Посета на Бејлербеи, историска знаменитост која претставува интересен спој на традиционални турски и западни архитектонски влијанија.
Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот мост, на азиската страна на градот.
Палатата Ќучуксу
Ќучуксу е летна палата која ја користеле османлиските султани за кратки престои и за време на лов.
Се наоѓа во населбата Ќучуксу, во областа Бејкоз, на азискиот брег на Босфор.
Палатата е дизајнирана од Никогос Балјан и е завршена во 1857 година.
Објектот има два главни ката и подрум, а од 1944 година е отворен за јавноста како музеј.
Кадиќој
Продолжуваме кон Кадиќој, еден од најпознатите и најживописните квартови на азиската страна на Истанбул.
Квартот е познат по шарените улици, раздвижените пазари, кафулињата, продавниците и локалната гастрономија.
Можност да уживате во традиционални баклави, десерти или турско кафе.
Чамлиџа џамија
Денот го завршуваме со посета на Чамлиџа џамијата, една од најголемите и највпечатливите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.
Враќање кон хотелот. Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
KOSKA
Следува посета на познатата продавница за традиционални слатки KOSKA.
Можност за купување локум, баклава, чоколадирани ф'стаци, лешници, бадеми и други традиционални турски производи.
Outlet 212
Потоа се упатуваме на шопинг во Outlet 212.
Предвидени се околу 2,5 до 3 часа слободно време за шопинг.
По завршувањето на слободното време следува поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Во цената е вклучено
🚌 Превоз
- Автобуски превоз
- Превоз од Скопје
- Превоз од Велес
- Превоз од Неготино
- Превоз од Гевгелија
- Превоз од Штип
- Превоз од Струмица
- Превоз од Прилеп
- Превоз од Битола
🏨 Сместување и организација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3★
- Туристичка такса
- Лиценциран туристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на KOSKA
- Посета на Outlet 212
- Организација на патувањето
Во цената не е вклучено
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
Факултативни посети
БАЛАТ + ТАКСИМ
Посета на живописниот Балат и неговите историски шарени улици, по што турата продолжува кон Таксим и познатата улица Истиклал.
БОСФОР И АЗИСКИОТ ДЕЛ НА ИСТАНБУЛ
Програмата опфаќа крстарење по Босфор и посета на:
- Бејлербеи
- Палатата Ќучуксу
- Кадиќој
- Чамлиџа џамија
Важно за патниците
- Задолжителна е проверка на важноста на пасошот и условите за влез во Република Турција.
- Цените се изразени во евра, а пресметката се врши по курс 1 € = 62 денари.
- Доплата за еднокреветна соба – 25 €.
- Секој патник има право на еден куфер и рачен багаж.
- Деца од 0 до 2,99 години патуваат бесплатно и спијат во кревет со родител.
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од цената на аранжманот доколку патуваат со двајца возрасни.
- Дете до 12 години кое патува со едно возрасно лице плаќа 100% од цената на аранжманот.
- Типот на собата и катот ги определува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост.
- Резервација за конкретен кат или страна на хотелот не е можна.
Седишта во автобус
Седиштата во автобусот се распределуваат според хронологијата на извршените уплати.
Доколку патникот има барање за конкретно седиште, доплатата изнесува 15 € за двата правци.
Општи напомени за автобускиот превоз
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Република Турција.
- Времето на поаѓање може да биде предмет на дополнително известување. Точното време и место на поаѓање агенцијата го доставува на патниците пред започнување на патувањето.
- Предвиденото време на пристигнување, односно враќање во местото од кое започнало патувањето, е информативно и не може однапред прецизно да се гарантира.
- Времетраењето на патувањето зависи од состојбата во сообраќајот, задржувањата на граничните премини, царинските формалности, временските услови и други непредвидливи објективни околности.
- Евентуалните доцнења предизвикани од сообраќај, гранични премини, царински контроли, временски услови или други околности врз кои организаторот нема влијание, не претставуваат неисполнување на програмата.
- Попатните паузи ги определува туристичкиот придружник во координација со возачите, согласно динамиката на патувањето и прописите за работно време на возачите.
- Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на реализација на програмата и факултативните посети доколку тоа го налагаат сообраќајните, временските, безбедносните или други објективни околности.
- Во случај на забрана или ограничување за движење, затворање на одреден локалитет, неповолни временски услови или друга непредвидена ситуација, организаторот може да откаже, замени или соодветно да измени одредена факултативна посета.
- Организаторот е одговорен за организацијата на програмата и факултативните излети, но не може да влијае врз околности кои се надвор од негова контрола.
Начин на плаќање
Цена на аранжман
119 € по лице во денарска противвредност.
Курс
За пресметка: 1 € = 62 денари.



