02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не

Истанбул - 8ми март (авион)

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
Програма

И С Т А Н Б У Л

Патување во ориенталното царство

 авион - 4 дена / 3 ноќевања

 

Истанбул е град на мистичноста, кој ве остава без здив, без разлика колку пати ќе го посетите. Ако сте во Истанбул за прв пат, искористете го своето време мудро, бидејќи има многу што да се види.

 

Архитектурата е многу специфична, и ако сакате ориентален стил, ова е вистинско царство за вас. Месецот кој е како создаден за патување во Истанбул е март, кога се буди нов живот, градот дише, пулсира во ритамот на новиот живот што се раѓа, а морското ветре го заокружува прекрасното чувство.

 

 

ПРОГРАМА:

 

05 март (Петок)    СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на аеродром во Скопје 3 часа пред полетување, во 07:20 часот. Полетување за Истанбул во 10:20 часот. Слетување во 13:45 часот по локално време. Oрганизиран трансфер до хотел. Слободно време за разглед на градот. Имате можност да тргнете во освојување на градот –Аја Софиа, Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Вселенската Патријаршија Златниот Рог, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата Сарај, Египетскиот пазар... Направете си убав распоред пред патување, како би можеле да посетите што е можно повеќе знаменитости во текот на овој престој.

06 март (Сабота)   ИСТАНБУЛ – стариот град –- Стамбол и неговата магична убавина

Појадок. По појадокот, Ве чека Истанбул, со сета своја големина! Овде секое камче има своја приказна, излезете и уживајте во стариот дел на градот, познатиот Стамбол. Имате и можност за факултативни екскурзии ( со договор во агенција). Осетете ја величината и големото богатство на Отоманската Империја - посетете ја палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Кога ќе слушнетеТопкапи сарај, повеќето веднаш помислуваат на харем. Иако зад дебелите sидови на величествената зграда се криел и харем, Топкапи палатата(сарај) денес ја чува богатата ризница и вредни историски документи. Изграден на местото на некогашните бедеми и порти на античкиот Константинопол, своевремено бил град во град каде живееле дури 4.000 жители. Палатата Топкапи била резиденција на турските султани четиристотини години, сè додека не била заменета со палатата Доламбахче во 19 век.  

Ако сакате да го почувствувате вистинскиот дух на Истанбул и Турција, Големиот базар е најдоброто место за тоа. Оваа огромна покриена област во суштина е првиот светски трговски центар, изграден во почетокот на 15 век од Мехмет Втори, со цел да се соберат средства за изградба на Аја Софија.Самиот простор е толку голем, што се протега на над 54.000 м2 и се состои од 56 ходници со над 4.000 продавници каде ќе најдете се што ви треба. И, знаете што е особено интересно? Она што секој вид на производ, има своја улица. Во едното ќе најдете само злато, во другите сувенири, во третата облека и така во недоглед. И, секако, безобразно ценкајте се . Капали чаршија е отворена секој ден, освен недела... Седнете,одморете се од напорниот ден со убав филџан чај и вкусете ги најубавите локални јадења, по кои Истанбул е надалеку познат.

07 март (Недела)  ИСТАНБУЛ – АЗИСКИ ДЕЛ 

Појадок. Препорака за овој ден – уживајте во убавините на Босфорот кој ги спојува европскиот и азискиот дел од ИСТАНБУЛ.  Задолжително патување што треба да го направите додека сте во Истанбул, е посета на Принцеските острови. Градот се состои од дури девет острови, попознати како Принцеските острови или Адалар. Самите острови се совршено место за одмор и релаксација, бидејќи на повеќето од нив нема автомобили, врева и гужва, луѓето возат велосипеди, а на сите страни има цвеќиња и дрвја. Најголемиот од овие девет острови (што препорачуваме да ги видите ) е остров Бујукада...

Не пропуштајте ја Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Да постоеше само едно место кое би го опишало целиот раскош и сјај на Отоманската империја, тоа веројатно ќе беше Долмабахче сарај, која ја заменила Топкапи палатата како главна резиденција на турските султани. Надворешноста на палатата е украсена со бројни градини, фонтани и цвеќиња во сите бои и мириси, додека внатрешноста ја покажува целата вистинска моќ на една империја. Одлична мешавина од рококо, барок и неокласицизам, придружена со отомански елементи и украси, направиле Долмабахче палатата да се вброи во топ 10 највеличествените палати во светот...

 Секако,можете и да се одлучите за крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија... Слободното време нека ви биде можност за уживање во филџан  турско кафе или чај во традиционален турски ресторан.

 

8 март (Понеделник)  -  ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Напуштање на хотелот во раните утрински часови. Трансфер до аеродром. Авионот за Скопје полетува во 09.50 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 09.50 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 09.20 часот.


                                                                           ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 евра (13.578 денари)

                                                                          (ограничен број на места)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

·         Кабински багаж 55x40x20 cm

·         Трансфер аеродром – хотел – аеродром

·         Сместување во хотел 3* или 4*на база 3 ноќевања со појадок 

·         24-часовна поддршка од нашите агенти.

·         Организација на патувањето

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

·         Факултативни разгледи со локален водич (на барање на клиентот, при резервација)

·         Доплата за еднокреветна соба

·         Патничко-здравствено осигурување (задолжително)

·         PCR тест – по потреба, во зависност од моменталното барање на Р.Турција.

 

Општи напомени :

- За ова патување потребно е да имате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци, од датумот на враќање во Македонија;

- Резервација на аранжманот се реализира со уплата на 50% од вкупната сума;

- Доплата на целиот износ на аранжманот, најдоцна 14 дена пред датумот предвиден за реализација;

 

- За патување во Турција во моментот е наведено дека до 01.03 ќе важи задолжителното прикажување на негативен PCR тест на COVID-19;

- Организиторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на програмата;

- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, доколку цените на авионските билети, хотелското сместување, цените на трансфер услугите како и факултативните излети се променат.

 

Дополнителни информации

Авионска тура Истанбул за 8-ми Март (05.03-08.03.2026)

Истанбул е Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.  Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

Што е вклучено во цената

Директен лет на релација Скопје –Истанбул- Скопје

Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )

Голем куфер од 23кг

Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*

Туристички придружник

Аеродромска такса

Факултативни излети

*Балат и Областа Таксим

*Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палатата Ќучуксу, Кадикој, Чамлица Џамија

Организиран трансфер од Аеродромот во Истанбул до хотел и назад


Што не е вклучено во цената

Индивидуални трошоци

Патничко осигурување


Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплаќаат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА  РАЧЕН БАГАЖ.

Деца до 11,99 години плаќаат 299 евра доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.