Истанбул 8ми Март ( 3 ноќи )
- Општи информации
- Галерија
Задолжителна
проверка на пасошот.
Не треба да
е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е
од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се
изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 –
2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се
придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на
аранжманот.
Хотелот
одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба
ќе добиете.
Резервации
за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на
седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат
според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција
Организаторот
на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата
и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја
откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен
излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации
како забрана за движење на определени места во одреден период.
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС



