02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Истанбул Нова Година 2 ноќи

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

НОВА 2027 ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ

Новогодишна авантура на Босфор
30.12.2026 – 02.01.2027
4 дена / 2 ноќевања
ПРОМО ЦЕНА 149 €
по лице
🚌 ПРЕВОЗ Туристички автобус
🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★
🍳 УСЛУГА 2 ноќевања со појадок
🎆 НОВА ГОДИНА Можност за дочек на Босфор

Програма на патувањето

ДЕН 1
30.12.2026 | СРЕДА
СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Поаѓање од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје.

Попатни застанувања за качување на патници, по што следува ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

За време на патувањето следува презентација на програмата и информации за начинот на реализација на патувањето.

Туристичките придружници се обучени и искусни во спроведување на протоколот за безбедност при патувањето.

Ноќно возење.

ДЕН 2
31.12.2026 | ЧЕТВРТОК
ИСТАНБУЛ – ПЕШАЧКА ТУРА – НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК

Пристигнување на групата во Истанбул.

Групата се упатува кон хотелот со својот багаж, кој се остава во просторија предвидена за чување багаж.

Туристичкиот придружник е задолжен за комуникацијата со рецепцијата и распределбата на клучевите од хотелските соби.

Check-in во хотелот е после 14:00 часот.

Капали Чаршија

По пристигнувањето, околу 10:00 часот, патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината џамија и Аја Софија.

Групата заедно со туристичкиот придружник се упатува до влезот на Капали Чаршија, по што следува слободно време за индивидуално разгледување и пазарење.

Враќањето кон хотелот е индивидуално.

Капали Чаршија е еден од најголемите покриени пазари, со повеќе од 3.000 продавници.

Се наоѓа во стариот дел на Истанбул, во населбата Фатих.

Аја Софија

Следува посета на просторот околу Аја Софија.

Влегувањето во објектот е индивидуално, поради големиот број посетители и долгото време на чекање.

Аја Софија претставува една од најпознатите историски градби во Истанбул и во својата историја поминала низ повеќе трансформации – од црква, во џамија, музеј и повторно џамија.

Во договорено време враќање во хотел.

Слободно време за одмор и подготовка за новогодишната прослава.

Новогодишен дочек на Босфор

Можност за факултативен новогодишен дочек на приватен брод на Босфор, организиран за гостите на Атлантис.

ДЕН 3
01.01.2027 | ПЕТОК
БОСФОР – БАЛАТ – ТАКСИМ

Појадок во хотел.

Слободно време.

Во 12:00 часот започнува реализацијата на факултативните посети.

Крстарење по Босфор

Предвидено е едночасовно крстарење по Босфор.

Можност да го видите Истанбул од поинаква перспектива – луксузни вили, Босфорскиот мост и бројни знаменитости долж брегот.

За време на крстарењето локалниот водич ќе ја претстави историјата на најзначајните локации.

Крстарењето започнува од европската страна, а бродот пристигнува на азискиот дел на Истанбул.

Балат

Следува посета на Балат, една од познатите христијански населби во Истанбул.

Во овој дел се наоѓаат голем број цркви, меѓу кои и Железната црква, како и Христијанската патријаршија, каде влегувањето е индивидуално.

По посетата следува околу час и половина слободно време за прошетка по препознатливите шарени улички.

Можност за турско кафе варено на песок и индивидуални фотографии.

Таксим и Истиклал

Турата продолжува кон плоштадот Таксим, еден од главните центри на градот.

Покрај Таксим се наоѓа познатата улица Истиклал, по која се движи историскиот трамвај.

Улицата е позната по бројните кафулиња, ресторани, продавници и места за забава.

Слободно време за индивидуални активности.

Ноќевање.

ДЕН 4
02.01.2027 | САБОТА
KOSKA – OUTLET 212 – МАКЕДОНИЈА

Појадок во хотел.

Одјавување околу 10:00 часот.

KOSKA

Следува посета на познатата продавница за традиционални слатки KOSKA.

Можност за купување локум, баклава, чоколадирани ф'стаци, лешници, бадеми и други традиционални турски производи.

Outlet 212

Од KOSKA се упатуваме на шопинг во Outlet 212.

Во трговскиот центар се предвидени околу 2,5 до 3 часа слободно време за шопинг.

По завршувањето следува поаѓање кон Македонија.

Предвидено пристигнување во Скопје после полноќ.

Во цената е вклучено

🚌 Превоз

  • Автобуски превоз
  • Патување Македонија – Истанбул – Македонија
  • Организација на превозот

🏨 Сместување и организација

  • 2 ноќевања во хотел 3★ со појадок
  • Туристичка такса
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на KOSKA
  • Шопинг во Outlet 212

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба – 30 €

Сместување

Сместувањето е во хотел 3★ во областа Аксарај / Лалели.

Хотелите се наоѓаат во непосредна близина на Капали Чаршија.

За оваа програма сместувањето може да биде организирано во повеќе хотели.

Аранжманот е на база ноќевање со појадок.

Факултативни излети

БОСФОР + БАЛАТ + ТАКСИМ

50 €

Пакетот опфаќа:

  • крстарење по Босфор
  • посета на Балат
  • посета на Таксим
  • улицата Истиклал

НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА БОСФОР (задолжителна)

100 €

Во пакетот е вклучено:

  • влезница на приватен брод на Босфор
  • 4-часовно крстарење
  • целосна организација и координација од тимот
  • организиран превоз хотел – пристаниште – хотел
  • организирани и резервирани места за секој гостин
  • 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
  • храна за време на забавата
  • изведувачи во затворениот и отворениот дел на бродот
  • професионално фотографирање
  • можност за дополнително купување пијалоци

VIP ПАКЕТ

140 €
СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

VIP пакетот ги вклучува сите факултативни излети од програмата.

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот.
  • Според доставената програма, пасошот не треба да биде на 6 месеци пред истекување во моментот на влез и излез од Република Турција.
  • Цените се изразени во евра, а пресметката се врши по курс 1 € = 62 денари.
  • Доплата за еднокреветна соба – 30 €.
  • Деца од 0 до 3 години патуваат бесплатно и спијат во кревет со родител.
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот доколку патуваат со двајца возрасни.
  • Дете до 12 години кое патува со едно возрасно лице плаќа 100% од цената на аранжманот.
  • Хотелот го определува типот на собата на лице место, во зависност од моменталната расположливост.
  • Резервација за конкретен кат или страна на хотелот не е можна.

Седишта во автобус

Патниците се сместуваат во автобусот според хронологијата на извршените уплати.

Доколку патникот има барање за конкретно седиште, доплатата изнесува 15 € за двата правци.

Општи напомени за автобускиот превоз

  • Патувањето е предвидено да се реализира преку Република Грција до Република Турција.
  • Во итни случаи, патувањето може да се реализира преку Република Бугарија.
  • Точното време и место на поаѓање може да биде предмет на дополнително известување пред започнување на патувањето.
  • Предвиденото време на поаѓање, враќање и пристигнување е информативно и не може однапред прецизно да се гарантира.
  • Времетраењето на патувањето зависи од состојбата во сообраќајот, задржувањата на граничните премини, царинските формалности, временските услови и други непредвидливи објективни околности.
  • Евентуалните доцнења предизвикани од сообраќајни услови, задржувања на граничните премини, царински контроли или други околности врз кои организаторот нема директно влијание не можат однапред прецизно да се предвидат.
  • Попатните паузи се определуваат согласно динамиката на патувањето, условите на патот и прописите за работното време на возачите.
  • Организаторот го задржува правото да го промени редоследот на реализација на програмата и факултативните посети доколку тоа го налагаат сообраќајните, временските, безбедносните или други објективни околности.
  • Во случај на забрана или ограничување на движењето, затворање на одреден локалитет, неповолни временски услови или друга непредвидена објективна ситуација, организаторот може соодветно да го измени редоследот или начинот на реализација на програмата.
НОВА 2027 ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ
30.12.2026 – 02.01.2027
2 НОЌЕВАЊА
ПРОМО ЦЕНА 149 €
Фото Галерија