8- ми Март 2022 во ДУБАИ
*** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА ***
Потврден хотел Holiday INN Express Dubai - Internet City
4 денови / 3 ноќевања
ТЕРМИН : 05.03 – 08.03.2022
Дубаи е еден од 7-те емирати во Обединетите Арапски Емирати. Во Дубаи живеат околу 1,4 милиони луѓе, но се проценува дека бројката се движи до 4 милиони. Дубаи е финансиски, културен и туристички центар на земјата, а главниот град е Абу Даби. Градот изобилува и со ултра модерни така и со хотели од сите видови и категории. Препознатлив е по највисоката зграда во светот (Бурж Калифа 829м), полуостровите во форма на палма, најмодерните и најголемите трговски центри (Дубаи мол, Емирати мол итн.), големите булевари и прекрасните песочни области ...
Програма
Ден 1: 05 Март 2022 - Скопје - Софија - Дубаи
Состанок во раните утрински часови во Скопје на договорено место и трансфер до Софија.
Пристигнување на аеродромот во Софија/ Терминал 2/ за лет за Дубаи во 09:30 ч. со авио компанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот „Dubai International Airport” во 16:25 ч.
Организиран трансфер и сместување во хотел Holiday INN Express Dubai - Internet City . Слободно време. Ноќевање.
Ден 2 - Ден 3: 06 Март -07 Март 2022
Појадок. По појадокот слободно време за шопинг, индивидуални акотивности или организирани факултативни излети во Дубаи.
Ден 4: 08 Март 2022 Дубаи (слободно време) - Софија - Скопје (09 Март во утрински часови)
Појадок. Одјавување од хотел до 11 часот. Слободно време за прошетки и одмор.
Во 18:00 часот организиран трансфер од хотелот и поаѓање кон аеродром.
Лет од Дубаи за Софија во 22:30 часот. Пристигнување во Софија во 02:05 часот. на 09.03.2022.
Организиран трансфер од Софија до Скопје
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Организиран трансфер Скопје - Софија - Скопје (можност за поаѓање од Струмица, Радовиш, Штип, Куманово)
- Повратен авионски билет Софија - Дубаи - Софија со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж;
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром во Дубаи;
- Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок
- претставник од агенцијата за цело време на патувањето
- Асистенција од локална партнер агенција
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезна виза за Дубаи - 95 еур - потребна за сите граѓани со македонски пасош
- PCR тест за влез во Дубаи (задолжителен за сите лица со наполнети и над 12 години)
- PCR тест за враќање во Македонија (за лица над 18 години кои немаат сертификат за вакцинација со примени 2 дози вакцина и поминати 14 дена од втора доза)
- Факултативни излети
* Дубаи Сафари – 50 еур по лице
* Целодневна тура во Абу Даби со ручек - 75 еур по лице
* Чудесна Градина и Глобално Село - 65 еур по лице
* Разлед на Дубаи целодневна тура која вклучува: нов дел на Дубаи - Madinat Jumeriah, The Point, Blue Water Island, Dubai Mall, Burj Khalifa 124 кат - 95 евра по лице
*** цената на факултативните разгледи е променелива и ќе зависи од бројот на пријавени лица
- Доплата за багаж - може да се направи при резервација или подоцна, а цената се пресметува во моментот кога клиентот ќе потврди дека сака истото да го купи
- Индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот и истата се движи од 2 до 4 евра по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба.
Хотел / Тип на соба и пансион | Возрасен во двокреветна соба | Еднокреветна соба |
Хотел со 3* Standard Room - ВВ (ноќевање со појадок) | € 639 € 499 за првите 5 места | € 739 |
Услови за пријавување за патувањето:
- Пасош валиден 6 месеци по враќање од патувањето,
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
- При правење на резервацијата се уплаќа депозит од 50 % од износот, остатокот се доплаќа до 21 ден пред поаѓање
Услови за отказ:
- до 30 дена пред датумот на поаѓање резервацијата може да се откаже со тоа што уплатените средства како депозит се неповратни
- од 29 дена до самиот ден на поаѓање при отказот на резервација се пресметуваат пенали во висина од 100% од износот на резервацијата.
- резервацијата неможе да се откаже поради промена на условите за патување од било која од државите во кои се патува / транзитира (пример: ако се воведе правило дека покрај негативен PCR тест е потребно и сертификат за вакцинација или било кое друго правило)
- во случај на затварање на границите за влез во Дубаи програмата ќе биде откажана од страна на агенцијата и уплатените средства ќе бидат целосно вратени или ќе се издаде ваучер на уплатениот износ, зависно од правилата кои ќе ги даде авиокомпанијата и хотелот.
Забелешки:
- Ве молиме имајте предвид дека некои хотели во Дубаи при пристигнување бараат депозит за хотелски услуги - мини бар, бања, бар, ресторани. Ако депозитот не се искористи, тој се враќа. Плаќањето може да се изврши во готово или со кредитна картичка.
- Ако дојде до промена на цените на влезниците за локалитетите и рестораните, истите ќе се сменат и повторно ќе се пресметаат.
- Авиокомпанијата го задржува правото да го промени времето на поаѓање и слетување, за што агенцијата навремено ќе ги извести корисниците, а истото не е основа за отказ на резервација.
- Агенцијата НЕ е одговорена за промена на цени за влезници во музеите и работното време на истите. Може да настанат промени. Агенцијата го задржува правото да го промени редоследот на спроведување на програмата од причини што се надвор од нејзината контрола и не е одговорена за туристите чиј што престој нема да биде дозволени од релевантните погранични органи.
- Пред поаѓање, агенцијата ќе ги информира туристите за можните барања, процедури и препораки во врска со влезот и престојот во Обединетите Арапски Емирати.
- Организатор на патувањето е ТА АтлантиС
Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на негова сметка.
Патување за луѓе со намалена подвижност: Патувањето генерално НЕ е погодно за луѓе со намалена подвижност.
* Датум на објавување на програма 05.01.2022
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ И ПРЕСТОЈ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА КОВИД - 19
- Сите патници кои патуваат во Дубаи мора да имаат негативен резултат од PCR тест. Патникот мора да се тестира најдоцна 72 часа пред пристигнување во Дубаи (времето се пресметува од моментот на земање брис, а не од моментот на пристигнување на резултатите)
- Деца до 12 години (11,99) не мора да се тестираат,
- Патниците мора да имаат испечатен двојазичен резултат од тестот (на македонски и англиски),
- Сите патници мора претходно да ја преземат апликацијата за паметни телефони „COVID DXB APP“ пред да го напуштат аеродромот во Дубаи.
- Република Македонија во моментов не е на списокот на земји за чии граѓани се бара уште еден ПЦР тест на аеродромот во Дубаи. Сепак, постои можност патникот да биде подложен по случаен избор на тестирање. Во тој случај, патникот е должен да ги чека резултатите од тестот во својата хотелска соба, а истите ќе ги добие преку апликацијата „COVID DXB APP“. Ги замолуваме граѓаните на другите земји да да се распрашаат за процедурите за влез во Амбасадата на Емиратите во земјата чиј државјани се тие.
- Патниците мора да имаат патничко здравствено осигурување кое покрива трошоци за лечење од COVID-19
– Носењето заштитни маски е задолжително на сите јавни места во градот, освен на градските плажи и на масите во ресторани. Исто така при влез во хотел и во сите затворени простории во хотелот потребно е да се носи маска.