02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

ДОЧЕК НА НОВА 2026 ГОДИНА во МАДРИД

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

ДОЧЕК НА НОВА 2026 ГОДИНА во МАДРИД

5 дена/ 4 ноќевања
30.12-03.01

МАДРИД – познат по музеи, прометни улици испреплетени со секакви продавници, ресторани со светска кујна и непобедлив ноќен живот. Ќе ве изненади со своите мирни историски места што ги шармираат сите што поминуваат покрај нив. Кога е време за јадење, Мадрид има многу различни опции, секоја попривлечна од претходната. Од една страна, традиционални барови каде што можете да откриете точно што значи кастизо и зошто тапасите се толку популарни. Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Тој е гостопримлив и разновиден. Мадрид , весел и жив во секое време, без сомнение, еден од најинтересните градови во Европа.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 599   €
РЕДОВНА ЦЕНА :  659  €

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје - Мадрид - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, 4 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во агенција;
  • Доплата за еднокреветна соба 260 Еур.
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз со метро

ФАКУЛТАТИВИ

  • Панорамски разглед со трансфер и локален водич -  45 €;
  • Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич - 75€ ;


Задолжително минимум една факултатива - пријавување во агенција                   

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС 


Фото Галерија