Бурса се наоѓа во северозападниот дел на Анадолија на падините на планината Улудаг висока околу 2.500 метри во јужниот дел на Мраморскиот регион .
Градот е најпознат по текстилот. Во минатото градот бил центар на производството на свила. Денес најпозната знаменитост поврзана со свилата е „Каза Ан“
,кој од1490 година е центар на трговијата со свила. Зградата располага со 95 соби. На горниот кат може да се купи речиси сè - од свилени марами до постелнина и облека со традиционалните турски мотиви. Денеска, во градот се одржува Саем на меѓународниот текстил. Освен автомобилска и текстилна индустрија, градот е познат и по производство на млечни производи, преработена храна и пијалаци.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Кавадарци - Бурса – Скопје;
• Сместување во хотел 3* НП;
• Посета на Ули Џамија;
• Посета на Зелена Џамија;
• Козан Хан;
• Панорамски разглед на Изник;
• Професионален туристички пратител на групата;
• Професионален локален туристички водич.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Панорамски разглед на Бурса и локален водич - 10 евра (задолжително);
• Целодневен излет до Ескешехир (автобус +локален водич) 25 евра; (миниум 35 патници)
• Крстарење по реката Порсук( Каналите во Ескишехир) 10евра;
• Влезница за паркот Сазова е бесплатна (користењето на анимацијата со доплата на лице место);
• Свечена 8-мо мартовска вечера - 30 евра;
• Доплата за еднокреветна соба 2.400.ден;
• Патничко здраствено осигурување 200 ден.
НАПОМЕНА:
◦ За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
◦ Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
◦ Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
◦ Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќање.
◦ Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
◦ Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
◦ За ова патувањеважат општите услови на Т.А. Супер Травел
◦ Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА
Ве информираме дека при влез во Р. Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:
* Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
* Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со вас,или
* Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете со вас.
Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат „Електронски формулар“ во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк: https://register.health.gov.tr
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни
и странски) треба да приложат еден од следните документи:
1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS- CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
4. Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат
упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.