- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Букурешт и Трансилванија Нова Година
- Општи информации
- Галерија
БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА
Романија – историја, легенди и новогодишна атмосфера
Романија е земја со богата историја, прекрасни пејзажи и посебен шарм.
Од величествените Карпати и легендите на Трансилванија, до живописните градови и бреговите на Црното Море, таа нуди интересен спој на природа, култура и традиција.
Букурешт, главниот и најголем град на Романија, е познат по својата впечатлива архитектура и интересниот спој на историјата и модерниот урбан живот.
Некогаш нарекуван „Малиот Париз“, денес градот привлекува со монументални градби, широки булевари, знаменитости, ресторани, кафулиња и динамичен ноќен живот.
План и програма на патувањето
Собир на групата пред хотел „Русија“.
Поаѓање кон Романија во 19:00 часот.
Следува ноќно возење преку Бугарија до Романија.
За точното време на поаѓање патниците ќе бидат известени 2 дена пред реализацијата на аранжманот.
Ноќно патување.
Очекувано пристигнување во Букурешт во утринските часови.
Веднаш по пристигнувањето започнуваме со организиран разглед на градот со водич.
Палатата на Парламентот
Се упатуваме кон Палатата на Парламентот, една од највпечатливите градби во Букурешт, позната и како „Палатата на народот“.
Следува слободно време за фотографирање пред ова импозантно архитектонско дело.
Плоштадот на Револуцијата
Следното место за посета е Плоштадот на Револуцијата.
Овој плоштад е поврзан со значајни моменти од поновата романска историја, особено со крајот на владеењето на Николае Чаушеску.
Плоштадот е опкружен со значајни знаменитости:
- Кралската палата
- Националниот музеј на уметноста
- Романскиот атенеум
- Централната универзитетска библиотека
- Црквата Крецулеску
Calea Victoriei
Продолжуваме по Calea Victoriei, една од најстарите и најпознатите улици во Букурешт.
По оваа авенија може да се видат:
- Палатата CEC
- Националниот музеј на историјата
- Палатата на националниот војнички круг
- Музејот на уметноста
- Плоштадот Викторија
Плоштад Унири и Патријаршиска катедрала
Продолжуваме кон плоштадот Унири, еден од најголемите плоштади во центарот на градот.
Од тука следува посета на Патријаршиската катедрала, позната по својот византиски ентериер и иконостас.
Куртија Веке и Липскани
Следува слободно време за разгледување на најстариот дел од градот – Куртија Веке, поврзан со периодот на владетелот Влад III Цепеш – Дракула.
Овој дел денес е дел од познатата и шармантна област Липскани.
Тука најавтентично се чувствува контрастот помеѓу старото и новото лице на Букурешт.
Следува сместување во хотел и слободно време за одмор.
Враќање во хотел.
Ноќевање.
Појадок.
По појадокот можност за факултативен излет кон Трансилванија.
Предвидена е посета на Замокот Бран и магичното гратче Брашов.
Бран – „Домот на Дракула“
Бајковитиот Замок Бран е светски познат по поврзаноста со легендата за Дракула и романот на Брам Стокер.
Историски гледано, замокот првично бил користен за одбрана, а подоцна служел и како царинска точка на планинскиот премин меѓу Трансилванија и Влашка.
Влад Цепеш не живеел во овој замок, но неговото име и легендата за Дракула денес се нераскинливо поврзани со Бран.
Од 1920 година замокот станал кралска резиденција и дом на кралицата Марија.
Денес претставува музеј и една од најпознатите туристички атракции во Романија.
Брашов
Брашов се наоѓа во централниот дел на Романија, опкружен со Јужните Карпати.
Познат е по своето саксонско наследство, а неговиот Стар град е еден од најубавите и најдобро зачуваните во Романија.
Меѓу најпознатите знаменитости се:
- Casa Sfatului
- централниот плоштад
- Црната црква
Следува слободно време за индивидуална прошетка и уживање во атмосферата на Брашов.
Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови.
Ноќевање.
Појадок.
Напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт.
Комплексот се наоѓа во северниот дел на Букурешт, на околу 30 километри од центарот.
Предвидени се 3 часа за релаксација.
Комплексот располага со:
- базени со термална вода
- сауни
- парни бањи
- водени лизгалки
Во рамките на комплексот се наоѓа и ботаничка градина со голем број растенија, палми, орхидеи и други растителни видови.
Патниците кои нема да ги посетат Термалните бањи ќе имаат можност за шопинг во трговски центар.
Во попладневните часови следува поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 03.01.2027 година.
Во цената е вклучено
🚌 Превоз
- Автобуски превоз
- Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес и Куманово
- Туристички придружник за време на целото патување
🏨 Сместување и програма
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3★
- Разгледување на Букурешт со водич
Во цената не е вклучено
- Факултативен излет „Трансилванија“ – 50 €
- Влезница за Замокот Бран: 100 леи / 19 € за возрасни и 50 леи / 9 € за студенти
- Факултативна посета на Термалните бањи – 50 €
- Патничко осигурување – 200 ден.
- Туристичка такса – 5 € по лице – се плаќа во автобус
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба – 60 € за двете ноќевања
Факултативни излети
ТРАНСИЛВАНИЈА
Пакетот опфаќа:
- превоз
- туристички придружник
- посета на Бран
- посета на Брашов
Влезницата за Замокот Бран не е вклучена.
Цена на влезница:
- Возрасни: 100 леи / 19 €
- Студенти: 50 леи / 9 €
ТЕРМАЛНИ БАЊИ
Во цената се вклучени:
- организиран превоз
- влезница
- 3 часа користење на комплексот
Секој патник при уплата ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува дали ќе ги користи факултативните излети.
Доколку патникот дополнително се пријави, а нема расположливи влезници, агенцијата не презема одговорност.
Попусти и доплати
- Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 €. Детето не користи посебно легло.
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна цена на аранжманот, а попуст се одобрува само за факултативните излети.
- Доплата за еднокреветна соба – 60 € за двете ноќевања.
Напомени
- Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнувањето.
- За реализација на патувањето се потребни минимум 45 патници.
- Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
- Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнувањето.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото преку Ultra First Minute или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од веќе објавените во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот или апартманот во случај на технички причини или overbooking.
- Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот во објект од иста или повисока категорија, согласно моменталната расположливост, без дополнителен надомест.
- Реализацијата на излетите зависи од временските услови.
- Во случај на неповолни временски услови, организаторот го задржува правото да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
НОВА ГОДИНА 2027
30.12.2026 – 03.01.2027
ПРОМО ЦЕНА 159 €
9.860 ден.






