Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или
грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но,
со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на
Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“
со својот богат културен и ноќен живот. Главниот град на Романија е
исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички
блокови и модерни дизајни од 21от век
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје
- 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3*
- Разглед на градот Букурешт со водич
- Пратител и организација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со
вклучена влезница, посета местото Бран со истоимениот замок на Дракула
(влезница за Бран не е вклучена во цената. Истата изнесува 40леи за
возрасни, 25леи за студенти) и посета на градот Брашов (со превоз и
пратител) – возрасни 45€ – студенти 35€
- факултативна вечерна прошетка до центарот на Букурешт (5 евра)
- Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (40 евра превоз и
влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
- Патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето