Цената е по лице и вклучува
- Две ноќевања - апартманско сместување во Суто море
- Автобуски превоз
- Организиран превоз до Бар, прошетка во Бар и дочек на Новата 2024 година во Бар
- Пратител на групата за времетраење на аранжманот
- Организација на патувањето
Невклучено во цената
- Туристичка такса од 3 евро / 186 денари по ден (се плаќа во агенција)
- Факултативи,
посета на Будва, Porto Montenegro, Тиват и дочек на новата 2024 година
(втора ноќ) во Тиват со Ацо Пејовиќ – 15 евра
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
ВАЖНО :
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум
од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален
отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за
превоз, се организира трансфер.
За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на
аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12
години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни
години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на
редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви
пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот,
тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за
патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите
имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето
од Скопје до Будва и назад.