02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Будва-Дубровник-Котор-Тиват за Нова Година

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

БУДВА И ДУБРОВНИК – НОВА ГОДИНА 2027

Новогодишна атмосфера покрај Јадранското Море
30.12.2026 – 03.01.2027
2 ноќевања
ПРОМО ЦЕНА 109 €
6.758 ден.
РЕДОВНА ЦЕНА 149 €
9.238 ден.
🚌 ПРЕВОЗ Автобус / комбе
🏡 СМЕСТУВАЊЕ Приватни вили
🌙 ПРЕСТОЈ 2 ноќевања
🎆 НОВА ГОДИНА Дочек во Будва

Будва – новогодишна магија на Јадранот

Црна Гора и Будва стануваат сè попопуларни туристички дестинации во Европа.

Медитеранскиот брег, средновековниот дух и мирисот на Јадранското Море се само дел од убавините со кои може да се опише овој град.

Покрај возбудливиот ноќен живот и прекрасните плажи, Будва нуди и незаборавно патување низ историјата.

Таа е една од најстарите населби на Јадранското Море, со историја подолга од 2.500 години.

Стариот град е сместен на мало полуострово, опкружено со јадранскиот брег и црногорските планини.

За Нова Година Будва е особено популарна поради настапите на познати балкански изведувачи и богатата празнична програма на плоштадот.

План и програма на патувањето

ДЕН 1
30.12.2026 | СРЕДА
СКОПЈЕ – БУДВА

Состанок на групата во 22:00 часот.

Поаѓање за Црна Гора во 22:30 часот.

Следува ноќно возење преку Косово и Албанија, со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ноќно патување.

ДЕН 2
31.12.2026 | ЧЕТВРТОК
БУДВА – НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК

Пристигнување во Будва во утринските часови.

Следува организирана прошетка и разгледување на градот.

Сместување и слободно време за индивидуални активности, прошетка покрај морето и уживање во празничната атмосфера на Будва.

🎆 НОВА 2027 ГОДИНА ВО БУДВА

Вечерта следува спектакуларен дочек на Новата 2027 година на плоштадот пред Стариот град, со концерт на Жељко Јоксимовиќ.

Уживајте во неговите најголеми хитови, новогодишната атмосфера и празничната магија покрај Јадранското Море.

Ноќевање.

ДЕН 3
01.01.2027 | ПЕТОК
БУДВА – ДУБРОВНИК – БУДВА

Можност за факултативна посета на Дубровник.

Дубровник

Дубровник претставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот.

Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, градот ја зачувува својата автентичност од XV и XVI век.

Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед кон островот Локрум и Јадранското Море.

Следува слободно време за прошетка низ Дубровник.

Во договорено време враќање во Будва.

Можност за повторно заминување кон центарот на градот.

Ноќевање.

ДЕН 4
02.01.2027 | САБОТА
БУДВА – ТИВАТ – КОТОР – МАКЕДОНИЈА

Напуштање на собите.

Можност за факултативна екскурзија до Тиват и Котор.

Тиват

Првото место предвидено за посета е Тиват, еден од најмладите градови во Бока Которска.

Градот е релативно мал, а неговиот живот е концентриран околу центарот и крајбрежјето.

Главното шеталиште, богато со палми, е исполнето со ресторани и кафулиња, додека прекрасните јахти му даваат луксузен изглед.

Тиват е привлечен и во зима и во лето, благодарение на пријатната медитеранска клима.

Следува слободно време за индивидуална прошетка.

Котор

Екскурзијата продолжува кон Котор, каде следува разгледување на градот со локален водич.

Котор претставува вистински лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и плоштади.

Низ историјата со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австроунгарците и Венецијанците.

Зад себе оставиле богато културно и архитектонско наследство, меѓу кое се издвојуваат ренесансните палати, барокните кули и катедралата „Св. Трифун“.

Котор е дел од светското културно наследство на UNESCO.

Во Котор може да се видат:

  • Поморскиот музеј
  • Катедралата „Св. Трифун“
  • Црквата „Св. Лука“
  • Столбот на срамот
  • Црквата „Св. Никола“

По разгледувањето следува слободно време за ручек.

Поаѓање кон Скопје во попладневните часови.

Патниците кои нема да учествуваат на факултативниот излет имаат слободно време во Будва.

Во договореното време и место се приклучуваат на групата, по што следува заедничко поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Скопје по полноќ, на 03.01.2027 година.

Во цената е вклучено

🚌 Превоз и организација

  • Автобуски превоз
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

🏡 Сместување и програма

  • 2 ноќевања во приватни вили
  • Организирана прошетка во Будва

Во цената не е вклучено

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса – 5 € по лице за сместувањето – се плаќа во автобус
  • Факултативна посета на Котор и Тиват – 40 €
  • Факултативна посета на Дубровник – 45 €
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба – 50% од цената на аранжманот

Факултативни излети

ДУБРОВНИК

45 €

Факултативна посета на Дубровник со слободно време за прошетка и индивидуално разгледување на градот.

ТИВАТ & КОТОР

40 €

Посета на Тиват и организирано разгледување на Котор со локален водич.

Попусти и доплати

  • За еднокреветна соба се доплаќа 50% од цената на аранжманот.
  • Деца до 2,99 години, во придружба на две возрасни лица, плаќаат само превоз во износ од 50 €. Детето не користи посебно легло.
  • Деца од 3 до 11,99 години плаќаат полна цена за аранжманот. Попуст се одобрува само за факултативните излети.

Напомени

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници.
  • Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓањето.
  • Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
  • Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнувањето.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото преку Ultra First Minute или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од веќе објавените во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовниот ценовник немаат право на надомест на средства за евентуалната разлика во цената.
БУДВА И ДУБРОВНИК
НОВА ГОДИНА 2027


30.12.2026 – 03.01.2027

ПРОМО ЦЕНА 109 €
6.758 ден.
Фото Галерија