Во цената на аранжманот е вклучено:
· Директен лет на релација Скопје - Братислава - Скопје со
авиокомпанијата Wizz Air;
· Аеродромски такси
· Мала кабинска торба до 8 килограми со
димензии 40x30x25 cm;
· Сместување во двокреветни соби во хотел - 4 ноќевања со појадок;
· Организирани прошетки според програмата ;
· Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
· Организација на аранжманот ;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Доплата за еднокреветна соба;
• Градска такса 1,7 евро од лице на ноќ (се плаќа директно
во хотел)
• Доплата за голема кабинска торба (мал куфер)
• Доплата за чекиран багаж (голем куфер);
• Билети за јавен превоз.
·
Доколку се
пријават над 15 патника за наведената тура, групата ќе ја придружува пратител
од агенцијата
· Факултативна посета на Виена :
Доколку постои интерес кај некои од патниците, може да се огранизира
факултативна посета на Виена, со јавен трансфер. Доколку бројот на
заинтересирани патници надминува 14 , можност посетата да биде организирана и
со пратител. За дополнителни прашања, обратете се во агенција.
Организиран превоз од : Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Велес
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО СЛОВАЧКА
Ве информираме дека при влез во
Словачка, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните
документи:
1.
Пополнување на формулар за влез во државата, https://www.mindop.sk/covid/forms .
2. Приложување на сертификат за примена вакцина (сите вакцини).
3. За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат
за вакцинација
На туристи без сертификат за вакцинација нема да им биде дозволен влез
во Словачка!
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на
граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во
државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
1. Сертификат
/ потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2,
односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
2. Сертификат
/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2
тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
3. Негативен
резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред
влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат
сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните
45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба
да направат тест за време на престојот во странство непосредно
пред враќањето за Македонија.
Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
· Резервација се прави со уплата на 50% од вкупниот износ
на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на
истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во
денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум
пријавени 20 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум
90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на
аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници
организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред
датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на
факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на
локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во
програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во
програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на
редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за
промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини,
како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа
програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС