02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Братислава и Виена Ноември

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

БРАТИСЛАВА И ВИЕНА – НОЕМВРИ 2025

Поаѓање: 28.11.2025 | Враќање: 30.11.2025

Братислава порано била позната како Пресбург – град со богата историја, кој бил крунисувачки град на унгарските кралеви.
Во минатото бил под влијание на Келтите, Римјаните, Германите, Словените и Хабсбурзите.

Виена, центарот на Хабсбуршката монархија и главен град на Австро-Унгарското царство, е град на барокна архитектура, дворци и историски згради.
Дом на многу композитори, уметници и мислители од 18-ти и 19-ти век, Виена е симбол на елеганција, култура и класична музика.

Цена: 329 € по лице

ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА

·         2 ноќевања со појадок во хотел со 3*

·         Авионски билет Скопје – Братислава – Скопје (Wizz Air)

·         Рачен багаж до 8 кг (40x30x20 cm)

·         Трансфер од аеродром до хотел и назад

·         Посета и разглед со локален водич на Виена

·         Посета на Братислава

·         Лиценциран придружник

ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА

·         Патничко осигурување

·         Туристичка такса

·         Индивидуални трошоци (влезници за музеи)

·         Факултативен ручек во пивница

ПЛАН И ПРОГРАМА

·         ПРВ ДЕН (28.11.2025 - вторник)

Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје во 14:30 часот. Летот Скопје – Братислава е во 16:45.
По слетувањето, трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за прошетка или посета на локална пивница. Ноќевање.

·         ВТОР ДЕН (29.11.2025 - среда)

Појадок во хотел. Целодневна посета на Виена – главниот град на Австрија. Разглед со локален водич: дворецот Белведере, градините,
катедралата Карлсрихе и плоштадот Карлсплац, Виенската Опера, дворецот Хофбург и катедралата св. Стефан. Слободно време за прошетка и индивидуални активности.
Вечерта враќање во Братислава и можност за вечера во локална таверна или пивница. Ноќевање.

·         ТРЕТ ДЕН (30.11.2025 - четврток)

Појадок во хотел. Разглед на Братислава – националниот театар, главниот плоштад со градската палата, Максимилијановата фонтана,
портата на св. Михаил, катедралата св. Мартин и замокот на Братислава. Можност за факултативен ручек во братиславска пивница.
Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Лет Братислава – Скопје во 23:05. Пристигнување во 00:40 часот.

ВАЖНО

·         Минимум 20 патници за реализација на аранжманот.

·         Пасош со важност најмалку 6 месеци по завршувањето на патувањето.

·         Хотелот го одредува типот на соба во зависност од моменталната состојба.

·         Резервации за одреден кат или страна не се можни.

·         Доплата за еднокреветна соба: 80 €.

·         Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите за време на реализација.

·         Важат општите услови за патување на ДТУ Атлантис ДООЕЛ кои може да ги превземете од нашата веб страна.


📞 +079 374 788,  071 307 212, 075 253 212

📧 [email protected]

Фото Галерија