✈️ ПРЕВОЗ
Директен лет со Wizz Air
🏨 СМЕСТУВАЊЕ
Хотел 3★ во Бари
🍳 УСЛУГА
3 ноќевања со појадок
🧳 БАГАЖ
Рачен багаж 10 kg
Програма на патувањето
ДЕН
1
05.03.2027 | ПЕТОК
СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата
два часа пред полетувањето.
Полетување
од Скопје
во 16:50 часот.
Слетување
во Бари
во 18:00 часот.
По пасошките
и царинските формалности
следува
организиран трансфер
до хотелот.
Сместување
во хотел.
Ноќевање.
ДЕН
2
06.03.2027 | САБОТА
БАРИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ – АЛБЕРОБЕЛО – БАРИ
Појадок.
Предлог
за денешниот ден
е факултативна посета
на
Алберобело
и Полињано а Маре.
Алберобело
Алберобело
е познат
по своите уникатни
камени куќички
„трули“
со конусни покриви,
кои претставуваат
еден од најпрепознатливите
примери
на традиционалната
архитектура
во овој дел
на Италија.
Локалните жители
ги граделе
овие специфични
камени куќи
со техника
без употреба
на малтер,
а нивната
оригиналност
и историска вредност
им обезбедиле
статус
на светско наследство
на
UNESCO.
Полињано а Маре
Полињано а Маре
е едно
од најпознатите
крајбрежни гратчиња
во Пуља.
Камените улици,
малите плоштади
и морските пештери
му даваат
посебен шарм.
Следува
слободно време
за прошетка
и уживање
во крајбрежната атмосфера.
Во договорено време
враќање
назад во Бари.
Слободно време
за индивидуални прошетки.
Ноќевање.
ДЕН
3
07.03.2027 | НЕДЕЛА
БАРИ – МАТЕРА – БАРИ
Појадок.
Предлог
за денешниот ден
е факултативна посета
на
Матера.
Матера
Следува возење
низ живописната природа
до градот
Матера,
кој беше
Европска престолнина
на културата во 2019 година.
Матера
се наоѓа
и на листата
на светското наследство
на
UNESCO
поради своите
уникатни историски
и архитектонски
карактеристики.
Градот
е познат
по старите
камено издлабени
живеалишта
и по изгледот
кој успеал
да го зачува
низ вековите.
Следува
слободно време
за индивидуални активности
и прошетка.
Во договорено време
враќање
во Бари.
Ноќевање.
ДЕН
4
08.03.2027 | ПОНЕДЕЛНИК
БАРИ – СКОПЈЕ
Одјавување
од хотелот.
Последниот ден
е наменет
за
Бари.
Разглед на Бари
Следува прошетка
низ историскиот
дел на градот.
Ќе ја разгледаме
Базиликата Св. Никола,
каде се наоѓаат
моштите
на истоимениот светец.
Ќе прошетаме
низ тесните
камени улички
на стариот дел
на Бари,
каде може
да се види
традиционалната
рачна подготовка
на познатите
тестенини
Orecchiette.
Следува
слободно време
за ручек,
кафе
и индивидуални прошетки.
Во договорено време
следува
организиран трансфер
до аеродромот.
Полетување
за Скопје
во 18:35 часот.
Слетување
во Скопје
во 19:45 часот.
Важно за предлог екскурзиите
Поради потребата
од навремено
резервирање
на трансфери
и влезници
за наведените екскурзии,
клиентите мора
да се изјаснат
за истите
при резервацијата
на патувањето.
Реализацијата
на факултативните излети
зависи
од бројот
на пријавени патници.
За реализација
се потребни
минимум 16
пријавени патници.
Агенцијата
не гарантира
место во трансферот
доколку клиентот
се одлучи
за екскурзија
на лице место.
Реализацијата
на основната програма
не зависи
од реализацијата
на предлог екскурзиите.