- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Атина Нова Година
- Општи информации
- Галерија
АТИНА – НОВА ГОДИНА 2027
Атина – колевка на модерната цивилизација
Атина е главниот и најголемиот град во Грција и една од најзначајните престолнини на европската историја.
Античка Атина била моќен град-држава и родно место на личности како Сократ, Перикле и Софокле.
Со историја подолга од 3.400 години, Атина е еден од најстарите градови во светот, а своето име го добила по божицата заштитничка Атина.
Знаменитостите на градот се една од главните причини за посета. Акропол, Партенон и Сунион создаваат чувство како да патувате низ времето.
План и програма на патувањето
Состанок на групата пред хотел „Русија“ во 19:00 часот.
Поаѓање за Атина во 19:30 часот.
Следува ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ноќно патување.
Пристигнување во Атина.
Панорамски разглед на Атина
Следува организирано панорамско разгледување на градот со водич.
Во рамките на разгледот се предвидени:
- плоштадот Омониа
- плоштадот Синтагма
- Парламентот
- стражата на Евзоните
- Олимпискиот стадион
- Зевсовиот храм
- Хадријановата врата
- Бајроновиот споменик
- Националната библиотека
- Универзитетот
Акропол
Следува можност за посета на Акропол со водич.
Во рамките на локалитетот се наоѓаат:
- Пропилеите
- Партенон
- Ерехтејон
Зборот „Акропол“ во превод значи „град на височина“.
Во минатото, поради потребата од одбрана, населението најчесто избирало возвишени места со стрмни страни, каде што се граделе тврдини.
Многу од овие места подоцна станале центри на големи градови.
Низ историјата, различните освојувачи на Акропол оставиле свои траги и направиле различни измени на локалитетот.
Следува сместување во хотел и слободно попладне.
Ноќевање.
Појадок во хотел.
По појадокот можност за полудневен факултативен излет до Пиреја и Сунион.
Пиреја
Следува посета на пристанишниот град Пиреја и неговите марини.
Аполонов брег
Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег кон Сунион.
Сунион
Сунион е најјужниот 'рт на Атика и е познат по храмот на богот Посејдон.
Археолошкиот локалитет Сунион е затворен за посета на овој датум.
Храмот може да се види однадвор, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во панорамскиот поглед.
По завршувањето на екскурзијата следува слободно време.
Можност за посета на познатото кафуле Little Kook.
Враќање во хотел.
Ноќевање.
Појадок во хотел и одјавување.
Во 08:00 часот можност за факултативна посета на Пелопонез со водич.
Коринтски канал
Се поминува покрај Коринтскиот канал, кој ги поврзува Саронскиот Залив на Егејското Море и Коринтскиот Залив на Јонското Море.
Следува можност за фотографирање од мостот над самиот канал.
Епидаурус
Следува посета на Епидаурус, родното место на Асклепиј, богот на медицината и лекувањето во старогрчката митологија.
Тука се наоѓа и еден од најпознатите антички театри, познат по својата извонредна акустика.
Нафплио
Патувањето продолжува кон Нафплио, првата престолнина на современата грчка држава.
Градот е познат и како градот на трите тврдини:
- Паламиди (Palamidi)
- Акронафплија (Akronafplia)
- Бурџи (Bourtzi)
Следува слободно време.
Во договорено време се враќаме кон хотелот по останатите патници, по што следува поаѓање кон Македонија.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Во цената е вклучено
🚌 Превоз
- Автобуски превоз на дадената релација
- Организација на аранжманот
- Туристички придружник за време на патувањето
🏨 Сместување и програма
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3★
- Дочек на Нова Година на плоштад во Атина
- Панорамско разгледување на Атина со водич
Во цената не е вклучено
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Пелопонез – 45 €
- Влезница за античкиот театар во Епидаурус – 20 €
- Посета на Пиреја и Сунион – 30 €
- Влезница за Акропол со водич – 40 €
- Туристичка такса – 10 € за двете ноќевања – се плаќа во автобус
- Индивидуални трошоци
- Пакет факултативи – 105 €
- Доплата за еднокреветна соба – 60 €
Факултативни излети
ПЕЛОПОНЕЗ
Посета на:
- Коринтски канал
- Епидаурус
- Нафплио
Влезницата за театарот во Епидаурус не е вклучена и изнесува 20 €.
ПИРЕЈА & СУНИОН
Полудневна посета на Пиреја, марините, Аполоновиот брег и Сунион.
АКРОПОЛ СО ВОДИЧ
Организирана посета на Акропол со водич.
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ
Пакетот вклучува:
- Пелопонез
- Акропол
- Сунион
- Пиреја
Попусти и доплати
- За деца до 2,99 години се плаќаат 50 € за превоз, а сместувањето е бесплатно доколку детето патува со двајца родители. Детето не користи посебно легло.
- За деца од 3 до 11,99 години попуст се одобрува само за факултативните излети, додека аранжманот се плаќа во целост.
- Доплата за еднокреветна соба – 60 € за двете ноќевања.
Напомени
- Агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнувањето.
- Дали превозот ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- За реализација на патувањето се потребни минимум 45 патници.
- Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
- Патните документи треба да имаат важност од минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
- Целосната доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнувањето.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото преку Ultra First Minute или Last Minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од претходно објавените.
- Патниците кои веќе го уплатиле аранжманот по претходна цена немаат право на надомест за евентуалната разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот или апартманот во случај на технички причини или overbooking.
- Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот во објект од иста или повисока категорија, согласно расположливоста, без дополнителен надомест.
- Реализацијата на излетите зависи од временските услови.
- Во случај на неповолни временски услови, организаторот го задржува правото да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
30.12.2026 – 03.01.2027
ПРОМО ЦЕНА 159 €
9.860 ден.








