Аргентина и Бразил
- Општи информации
- Галерија
Цена на пакет
аранжман по лице :
Термин на патување: |
Пакетна цена по лице за сместување во двокреветна соба |
Пакетна цена за
сместување во еднокреветна соба |
Пакет аранжман со целосна уплата |
3441€ |
3724€ |
Пакет аранжман со депозит 500€ |
3541€ |
3824€ |
Пакет аранжман со депозит 100€ |
3641€ |
3924€ |
Цената вклучува:
·
Авионски билет на
релација Скопје – Буенос Аирес/ Сао Паоло – Скопје и чекиран багаж од 30 кг по
лице;
·
Авионски билет Буенос
Аирес – Игуасу со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по лице;
·
Авионски билет Игуасу –
Рио Де Женеиро со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по лице;
·
Авионски билет Рио Де
Женеиро – Сао Паоло со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 23 кг. по
лице;
·
Сите трансфери опишани
во програмата и екскурзии со локални водичи со комфорни автобуси;
·
4 ноќевања со појадок во
хотел во центарот на Буенос Аирес во хотел со 4*;
·
2 полудневни разгледи на
Буенос Аирес;
·
3 ноќевање со појадок во
хотел во централното подрачје на Пуерто Игуасу во хотел со 4*;
·
Целодневна екскурзија на
водопадите Игуасу од аргентинска страна со вклучени влезници;
·
Полудневна екскурзија на
водопадите Игуасу од бразилска страна со вклучени влезници;
·
Посета на Птичјиот парк
од бразилска страна со вклучени влезници;
·
4 ноќевања со појадок во
хотелот со 4* во Рио Де Женеиро
блиску до плажата Копакабана;
·
Полудневна екскурзија
низ Рио до планинатта Корковадо и статуата на Исус Спасител – качување со жичара,
вклучени билети и влезници за посета на стадионот Маракана (не е вклучена
влезницата за самиот стадион);
·
Полудневна екскурзија во
Рио со посета на ридот Шекерната глава – качување со лифт (кабинска жичара);
·
Локален водич на
англиски јазик за време на сите екскурзии во програмата;
·
Водич од организаторот
на патувањето за време на целото патување.
Цената не вклучува:
·
Дополнителните*
факултативни излети;
·
Индивидуални трошоци;
·
Храна, пијалоци и услуги кои не се споменати во програмата;
·
Задолжително патничко осигурување.
Потребни документи:
·
Биометриски пасош со
важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање.
·
Депозит при резервација на аранжманот.
·
Копија од пасош и слика.
·
Доплата на целиот
аранжман до 03.08.2023 г.
Дополнителни информации:
·
Програмата на водопадите
Игуасу се реализира во зависност од времето на летовите.
·
Локалните водичи се на
англиски јазик, а водичот од организаторот на патувањето преведува на македонски.
·
За патување во Бразил и
Аргентина не е потребна дополнителна имунизација и за македонски граѓани не е
потребно виза.
·
За реализација на ова
патување потребни се минимум 15 патници. Доколку не се оствари минималниот број
на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже патувањето или да ја
зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
·
Доколку програмата не се
реализира ќе бидете известени најкасно 21 дена пред поаѓање.
Забелешки:
·
Цената на аранжманот е
калкулирана по среден курс на aмериканскиот долар и при промена на девизниот курс за повеќе од
5% организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената.
·
Организаторот на
патувањето го задржува правото на промена на редоследот и тајминзите во
програмата. Програмата како и редоследот на разгледи и посети се предмет на промени
и во зависност од состојбата на терен и други објективни причини.
·
При лоши временски
услови или други друга виша сила, организаторот на патувањето го задржува
правото за промена на програмата. Времето на полетување и слетување се предмет
на потврда од авиокомпаниите.
·
Организаторот на
патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот
(авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
·
Дополнителните
факултативни излети се закажуваат и плаќаат во матичната агенција.
Услови за отказ:
·
од 39 дена до 1 дена
пред поаѓање – 70% од цената на аранжманот.
·
од 0 дена до 1 дена пред
поаѓање – 100% од цената на аранжманот.
Предност на програмата:
·
Балансирана и атрактивна
програма со комбинирана посета на еден од најатрактивните одмаралишта во светот
Копакабана – сместување во хотел на брегот на Атланскиот океан;
·
Меѓународни летови со
авиокомпанијата Qatar Airways;
·
Директни внатрешни
летови со вклучени аеродромски такси;
·
Прекрасни хотели со 4*
во Буенос Аирес, Пуерто Игуасу и Рио Де Женеиро со централна локација;
·
Хотелот во Буенос Аирес
е на пешачко растојание од локалните атракции и знаменитостич
·
Хотелот во Рио Де
Женеиро е во центарот на одмаралиштето Копакабана;
·
Во цената на аранжманот
се вклучени сите трансфери опишани во програмата со комфорни автобуси, вклучени
се влезниците за Националниот парк Игуасу од аргентиска и од бразилска страна и
Паркот на птиците;
·
Посета на главниот град
на Аргентина – Буенос Аирес, еден од најубавите градови во Бразил и светот –
Рио Де Женеиро и едно од новите природни светски чуда – водопадите Игуасу;
·
Водич – преведувач на македониски
јазик за време на целото патување.
Забелешка: Дополнителните факултативни излети се закажуваат и плаќаат во агенцијата
при правење на резервацијата. Посочените цени, времетраење и заминување за дополнителните
факултативи се ориентациони и предмет на промени.
Информации и цени за дополнителните факултативни излети: (Подложни на промена најкасно до 30
дена пред почетокот на аранжманот)
*Крстарење по реката Тигре и делтата на реката Парана, Аргентина (со доплата – цена
дополнително)
Поаѓање од хотелот со автобус по еден од
главните булевари Avenida del Libertador, кој води кон луксузните квартови во северниот
дел од градот, како што се Vicente Lopez и Olivos, каде што се наоѓа и
резиденцијата на аргентискиот претседател. Ќе поминеме и покрај San Isidro и ќе
ја видиме истоимената неоготска катедрала и ќе се упатиме кон квартот San
Fernando. Градчето Тигре се наоѓа на брегот на истоимената река, која е дел од
делтата на реката Парана, и е едно од најпопуларните места за одмор и бегство
од градскиот метеж за локалните жители, со бројните мали островчиња, канали и
притоки на големата река Парана. Крстарењето по реката ќе започне од
пристаништето Тигре и ќе продолжи преку мрежата од канали, додека се восхитувате
на зелените острови, елегантните вили, викторијанските докови, градини и
клубови за веслање. Ќе сретнете многу кануа, локална самопослуга (повторно на
брод), приватни јахти и многу насмеани луѓе. Ќе патувате и по реките Luján,
Sarmiento, Tigre и San Antonio, додека уживате со филџан ароматично кафе и
прекрасен локален десерт. Пристигнување на пристаништето и се враќање во
хотелот со автобус.
Цена по лице: – цена
дополнително (со водич на англиски и шпански јазик). Вклучува
трансфер од/до пристаништето во Тигре, водич, патување со бродче. Времетраење
на екскурзијата: околу 4 часа.
*Вечера + Танго Шоу во “La Esquina de
Carlos Gardel”, Аргентина (со доплата, вечера со вклучени пијалоци)
Незаборавен спектакл со најсензуалниот танц –
тангото. Овој спектакл се одржува во ресторанот - театар „La Esquina de Carlos
Gardel“, именуван по познатиот аргентински танго изведувач, композитор и актер
– Карлос Гардел. Вечерата е на мени со вклучени пијалоци. Шоу програмата
вклучува танго изведба во различни варијанти. Ќе имаме прилика да видиме
различни варијанти на танго кои се менувале со текот на времето и ќе ја осетиме
моќната емоција која ја пренесува овој танц. Вечерата започнува во 21:00 часот.
Шоуто започнува во 22:30 часот, а завршува околу 00:00 часот.
Цена по лице: – цена
дополнително. Вклучува приватен трансфер, водич, вечера со вклучени
пијалоци и богата шоу програма. Времетраење околу 4 часа.
*Целодневна екскурзија до Ранчот Санта Сузана (Estancia Santa
Susana Fiesta Gaucha), Аргентина – во aргентинската пампа, земја на
гаучосите. На овој излет ќе излеземе надвор од големиот град и ќе се запознаеме со
навиките на аргентинските “каубои” – гаучоси, додека шетаме низ една од најголемите светски рамници –
аргентинската пампа. Од Буенос Аирес до ранчот Санта Сузана се патува околу 80
километри. Тука ќе не пречекаат нашите домаќини со пијалок и “empanadas” (традиционални закуски од месо во тесто). Потоа следи
слободно време за различни
традиционални активности на ранчот, како: јавање коњ, возење на
вагон, прошетка из ранчот и др. Следува ручек со традиционални „asados“ или различни видови на месо печено
на оган, колбаси и разни салати, домашни десерти и разни пијалоци (вклучени во
цената) и традиционален аргентински чај мате. За време на ручекот ќе имаме
можност да уживаме во традиционалното шоу на локални танци и музика, а кон
крајот на ручекот ќе имаме можност да уживаме во трките со коњи, демонстрација
на вештините на гаучосите.
Цена по лице: – цена дополнително. Со водич
на англиски и шпански јазик. Вклучува трансфер со автобус, локален водич, богат
ручек, пијалоци, трка на коњи, шоу програма. Времетраење околу 8 часа.
*Rio by the night – Вечера во Бразилски ресторант + Платформа шоу (не е вклучено во цената на аранжманот)
Трансфер од хотелот до ресторанот со автобус
каде ќе имаме можност да ги пробаме сите типично Бразилски јадења, вклучувајќи
ги и различните типови на месо (пијалоците се наплаќаат дополнително). После
вечера ќе се преместиме во салата Plataforma, каде група на професионални
танчери ќе ни ја долови историјата на Бразил преку шоу во 2 часа. Ќе ги видиме
различните периоди низ кој поминувал Бразил – од основањето на земјата па се до
денес, претставени во колоритни костуми, ритмичка музика и неверојатно
расположение. На крајот на шоуто ќе ве освои ритамот на самбата доловен од
прекрасните танчери со кои ќе имаме можност да се фотографираме.
Цена по лице: 132 €, минимум
10 пријавени патници. Вклучува трансфер, водич, вечера (без вклучени
пијалоци), шоу спектакл. Времетраење околу 5 часа.
*Целодневна екскурзија до лагуните на Ангра дос Рејс (Angra dos Reis)
Рано наутро со автобус се упатуваме кон Costa
Verde или во превод Зеленото крајбрежје. На околу 150 км. (околу 3 ч. во
правец) западно од Рио се наоѓа реонот Ангра дос Рејс, кој претставува збир од
повеќе од 100 острови. Следува крстарење (околу 4 ч.) со типичен бразилски брод
до некои од најубавите острови и пауза на тропски остров каде ќе имате можност
да пливате во извонредните смарагдни води и да уживате во прекрасното сонце.
Ручек на бродот. Касно навечер се упатуваме кон Рио со автобус и се враќаме во
хотелот. Екскурзијата трае околу 12 часа.
Цена по лице: 110 €, минимум 10 пријавени патници. (водич на англиски јазик). Вклучува
трансфер со автобус, водич, прошетка со брод и ручек (без вклучени пијалоци).