ХУРГАДА
сo директен лет од Скопје
7 ноќевања / 8 полни дена
Нема ништо поубаво од помислата дека летото набрзо започнува. Ако се одлучите да патувате во Африка, тогаш Египет Ви нуди многу можности за комплетен одмор. Одморите во Хургада стануваат сè попопуларни кај туристите. Тие се вистински рај за оние кои сонуваат за лето во текот на целата година.Времето во Хургада овозможува уште кон крајот на февруари да се оди на плажа. Одмаралиштето, кое некогаш било рибарско село, е меѓу најдобрите дестинации за луѓе од целиот свет.
Поминете си го својот одмот во Хургада со 6 ноќевања на all Inclusive пакет.
Можете да изберете од мноштво на хотели, кој АтлантиС ги одбра за вас како најдобра комбинација на цена и квалитет. За време на Вашиот одмор во египетското одморалиште, можете да ја разбиете монотоноста со многу пријатни дневни патувања. Некои нудат нуркање во неверојатните води на Црвеното Море, а други јавање на камила во Сахара.
Прекрасните хотелите ќе се потрудат одморот да ви биде совршен. Собите се пространи со прекрасен поглед на Црвеното Море, кујна - интернационална, и опции за забава - разновидни.
Секако, ако сакате да дознаете повеќе за историјата на оваа древна цивилизација, не двоумете се да се одлучите за екскурзиите што нашиот партнер ги организира за Вас.