02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Мапа
Џерба Лето 2023
Километри песочни плажи и ориентален шмек
Тунискиот медитерански остров Џерба во заливот Габес го должи својот прекар „La Douce“ на благата, сончева клима. Од одморот на Џерба, можете да очекувате километри бели плажи и неодолив вкус на Арапски ноќи. Урмините палми и големите маслинови градини внесуваат шаренило во пустината со боја на окер. Калинките и бодликавите круши исто така го сакаат Северноафриканското сонце.

Историјата на островот, кој својот ориентален шмек меѓу другото го должи и на шарените чаршии, датира повеќе од 2.000 години: Можете да навлезете во богатото минато на Џерба со посета на римските урнатини или подземната џамија. Римската брана долга над 7 километри, која ја поврзува Џерба со северното Туниско копно, била изградена во античко време.

Разгалена од сонцето и благодарение на одличните воздушни услови, Џерба е идеална дестинација и за релаксирачки денови на плажа и за многу водени спортови.