- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Вила Вула – Лептокарија
Опис на вилата
Вила Вула е лоцирана на околу 50 метри од плажа во Лептокарија и на приближно 10 минути пешачење од центарот. Објектот е нов, изграден во 2020 година и располага со студија тип 1/3 и 1/4, сите опремени со кујна, ТВ и Wi-Fi.
Туристичката такса се плаќа во агенција – 2 € по ноќ од студио.
Користење на клима уред е со доплата 6 € на ден (се плаќа на лице место).
Опис на студијата
- 1/4 студио бр. 1 – сутерен: неколку скали под нивото на земја; има дел од дворот кој се користи како балкон, кујна во склоп на собата (решо + мал фрижидер), еден брачен кревет (грчки стандард) и кревет на спрат, WC, клима и ТВ.
- 1/3 студио бр. 2 – високо приземје: засебен влез, сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
- 1/3 студио бр. 3 – високо приземје: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
- 1/4 студио бр. 4 – прв кат: голем балкон со страничен поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети (грчки стандард), WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло (фотелја на расклопување).
- 1/3 студио бр. 5 – прв кат: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
- 1/4 студио бр. 6 – втор кат: голем балкон со страничен поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети, WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло.
- 1/3 студио бр. 7 – втор кат: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
- 1/4 студио бр. 8 – трет кат: голем балкон со поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети, WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло.
Early Booking попусти
- BLACK FRIDAY – 15% попуст
за резервации до 05.12.2025, со уплата 50% веднаш и 50% до 31.12.2025. - 10% попуст за резервации до 31.01.2026
Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање. - Попустот НЕ важи за ПРОМО цените.
Ценовник – Вила Вула, Лептокарија 2026
Цените се за наем на студио за 7 ноќи.
| Термин (датум на поаѓање) | Ноќи | 1/4 студио – сутерен | 1/3 студио | 1/4 студио | 1/4+1 студио |
|---|---|---|---|---|---|
| 24.05.2026 | 7 | 60 € ПРОМО | 100 € ПРОМО | 130 € ПРОМО | 140 € ПРОМО |
| 31.05.2026 | 7 | 115 € | 175 € | 195 € | 205 € |
| 07.06.2026 | 7 | 170 € | 240 € | 270 € | 280 € |
| 14.06.2026 | 7 | 200 € | 270 € | 300 € | 310 € |
| 21.06.2026 | 7 | 240 € | 310 € | 340 € | 350 € |
| 28.06.2026 | 7 | 290 € | 350 € | 380 € | 390 € |
| 05.07.2026 | 7 | 330 € | 390 € | 430 € | 440 € |
| 12.07.2026 | 7 | 360 € | 450 € | 470 € | 480 € |
| 19.07.2026 | 7 | 370 € | 460 € | 480 € | 490 € |
| 26.07.2026 | 7 | 390 € | 470 € | 490 € | 500 € |
| 02.08.2026 | 7 | 390 € | 470 € | 490 € | 500 € |
| 09.08.2026 | 7 | 370 € | 450 € | 470 € | 480 € |
| 16.08.2026 | 7 | 330 € | 440 € | 460 € | 470 € |
| 23.08.2026 | 7 | 300 € | 380 € | 400 € | 410 € |
| 30.08.2026 | 7 | 250 € | 330 € | 360 € | 370 € |
| 06.09.2026 | 7 | 230 € | 260 € | 270 € | 280 € |
| 13.09.2026 | 7 | 150 € | 210 € | 240 € | 250 € |
| 20.09.2026 | 7 | 130 € | 150 € | 170 € | 180 € |
Цените во табелата се изразени во евра; плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 ден.
За уплата на два последователни термини (еден по друг) се одобрува 5% попуст на вториот термин. Попустите не се комбинираат. Користењето на Wi-Fi интернет е бесплатно, но агенцијата не гарантира за јачината и стабилноста на сигналот.
Превоз
Агенцијата организира превоз со придружник – пратител на групата до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- За возрасни: 3.100 мкд (50 €) повратен билет / 2.480 мкд (40 €) во еден правец.
- За деца до 12 години: 2.480 мкд (40 €) повратен билет / 2.170 мкд (35 €) во еден правец.
- Деца до 2 години: бесплатно, без седиште.
Важни информации и услови
- Термините во табелата се денови на започнување и завршување на аранжманот.
- Апартманите не поседуваат крпи; за хигиената во текот на престојот се грижат самите гости.
- За сигурна резервација се смета уплата на 30% аконтација при потпишување Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14:00 часот (локално време) првиот ден, а напуштањето е задолжително најдоцна до 09:00 часот последниот ден.
- Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на легла, односно само лицата наведени на ваучерот.
- Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер може да ги одбие дополнителните лица или да побара соодветен финансиски надомест.
- Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред, сопственикот на вилата има право да ги отстрани без обештетување од агенцијата.
- Сопствениците на објектот имаат право да ја наплатат евентуалната штета директно од клиентите.
- Цените во табелите се конечни, без скриени трошоци.
- Туристичката агенција „Супер Травел“ има потпишано договор за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во понудата.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните капацитети како Last Minute понуда; веќе потврдените резервации не подлежат на промена на цена.
- Патниците се должни пред тргнување да ја проверат важноста на патните исправи и да обезбедат патничко-здравствено осигурување; недостаток на истите не е одговорност на агенцијата.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување








