02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Види ги сите фотографии
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 1
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 2
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 3
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 4
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 5
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 6
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 7
#altIMG Hotel# VILLA VULA #altIMG in# Pieria, Greece - #altIMG Image# 8

VILLA VULA

Greece / Pieria / Leptokaria - Apatrments
Покажи на Мапа
Мапа
  • Само Хотел
  • Чартер програми
Датум на пријавување
Датум на одјавување
Патници
2
Возрасни
2
Деца
0
Години на Дете
Додади Соба
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Дополнителни информации
Вила Вула – Лептокарија 2026

Вила Вула – Лептокарија

Лето 2026 • Лептокарија, Олимписка ривиера – околу 50 m од плажа, 10 минути до центар Лето 2026

Опис на вилата

Вила Вула е лоцирана на околу 50 метри од плажа во Лептокарија и на приближно 10 минути пешачење од центарот. Објектот е нов, изграден во 2020 година и располага со студија тип 1/3 и 1/4, сите опремени со кујна, ТВ и Wi-Fi.

Туристичката такса се плаќа во агенција – 2 € по ноќ од студио.

Користење на клима уред е со доплата 6 € на ден (се плаќа на лице место).

Опис на студијата

  • 1/4 студио бр. 1 – сутерен: неколку скали под нивото на земја; има дел од дворот кој се користи како балкон, кујна во склоп на собата (решо + мал фрижидер), еден брачен кревет (грчки стандард) и кревет на спрат, WC, клима и ТВ.
  • 1/3 студио бр. 2 – високо приземје: засебен влез, сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
  • 1/3 студио бр. 3 – високо приземје: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
  • 1/4 студио бр. 4 – прв кат: голем балкон со страничен поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети (грчки стандард), WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло (фотелја на расклопување).
  • 1/3 студио бр. 5 – прв кат: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
  • 1/4 студио бр. 6 – втор кат: голем балкон со страничен поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети, WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло.
  • 1/3 студио бр. 7 – втор кат: сопствен балкон, кујна со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет и еден единечен кревет, WC, клима и ТВ.
  • 1/4 студио бр. 8 – трет кат: голем балкон со поглед на море, кујна со решо и мал фрижидер, два брачни кревети, WC, клима и ТВ. Можност за дополнително легло.

Early Booking попусти

  • BLACK FRIDAY – 15% попуст
    за резервации до 05.12.2025, со уплата 50% веднаш и 50% до 31.12.2025.
  • 10% попуст за резервации до 31.01.2026
    Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање.
  • Попустот НЕ важи за ПРОМО цените.

Ценовник – Вила Вула, Лептокарија 2026

Цените се за наем на студио за 7 ноќи.

Термин (датум на поаѓање) Ноќи 1/4 студио – сутерен 1/3 студио 1/4 студио 1/4+1 студио
24.05.2026 7 60 € ПРОМО 100 € ПРОМО 130 € ПРОМО 140 € ПРОМО
31.05.2026 7 115 € 175 € 195 € 205 €
07.06.2026 7 170 € 240 € 270 € 280 €
14.06.2026 7 200 € 270 € 300 € 310 €
21.06.2026 7 240 € 310 € 340 € 350 €
28.06.2026 7 290 € 350 € 380 € 390 €
05.07.2026 7 330 € 390 € 430 € 440 €
12.07.2026 7 360 € 450 € 470 € 480 €
19.07.2026 7 370 € 460 € 480 € 490 €
26.07.2026 7 390 € 470 € 490 € 500 €
02.08.2026 7 390 € 470 € 490 € 500 €
09.08.2026 7 370 € 450 € 470 € 480 €
16.08.2026 7 330 € 440 € 460 € 470 €
23.08.2026 7 300 € 380 € 400 € 410 €
30.08.2026 7 250 € 330 € 360 € 370 €
06.09.2026 7 230 € 260 € 270 € 280 €
13.09.2026 7 150 € 210 € 240 € 250 €
20.09.2026 7 130 € 150 € 170 € 180 €

Цените во табелата се изразени во евра; плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 € = 62 ден.

За уплата на два последователни термини (еден по друг) се одобрува 5% попуст на вториот термин. Попустите не се комбинираат. Користењето на Wi-Fi интернет е бесплатно, но агенцијата не гарантира за јачината и стабилноста на сигналот.

Превоз

Агенцијата организира превоз со придружник – пратител на групата до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

  • За возрасни: 3.100 мкд (50 €) повратен билет / 2.480 мкд (40 €) во еден правец.
  • За деца до 12 години: 2.480 мкд (40 €) повратен билет / 2.170 мкд (35 €) во еден правец.
  • Деца до 2 години: бесплатно, без седиште.

Важни информации и услови

  • Термините во табелата се денови на започнување и завршување на аранжманот.
  • Апартманите не поседуваат крпи; за хигиената во текот на престојот се грижат самите гости.
  • За сигурна резервација се смета уплата на 30% аконтација при потпишување Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14:00 часот (локално време) првиот ден, а напуштањето е задолжително најдоцна до 09:00 часот последниот ден.
  • Во собите е дозволено сместување на лица според бројот на легла, односно само лицата наведени на ваучерот.
  • Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер може да ги одбие дополнителните лица или да побара соодветен финансиски надомест.
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред, сопственикот на вилата има право да ги отстрани без обештетување од агенцијата.
  • Сопствениците на објектот имаат право да ја наплатат евентуалната штета директно од клиентите.
  • Цените во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Туристичката агенција „Супер Травел“ има потпишано договор за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во понудата.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните капацитети како Last Minute понуда; веќе потврдените резервации не подлежат на промена на цена.
  • Патниците се должни пред тргнување да ја проверат важноста на патните исправи и да обезбедат патничко-здравствено осигурување; недостаток на истите не е одговорност на агенцијата.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување 


Hotel Detail