Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
Е-пошта
Време на Повик
Мапа
Овој аранжман е во организација на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и може да се користат COVID-19 ваучерите.

Villa Poppis Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Галерија
  • Ценовник и информации за хотелот

Villa Poppis Слики и Видеа

Band Text
Овој аранжман е во организација на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и може да се користат COVID-19 ваучерите.

Локација

Халкидики / Касандра / Калитеа

GPS: 40.075291; 23.447827

За хотелот:

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. 

Плажа

Оддалеченост од плажа 200м
Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Дополнителни информации

Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.



КАЛИТЕА - ПОПИС

ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА

Период

Ноќевања

1/2   (студио за 2 лица)

ПОПУСТ 

07.08-14.08.2021

7

406 Продадено

 

14.08-21.08.2021

7

362 325

 

21.08-28.08.2021

7

329  295

 

28.08-04.09.2021

7

263

 

04.09-11.09.2021

7

208

 

11.09-18.09.2021

7

155

Промо Цена

18.09-25.09.2021

7

109

Промо Цена

Пансион

Само ноќевање.

Во цената не е вклучено:

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 45еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 45еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 35еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 45еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 40еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 10еур за Битола и Прилеп
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Сместување

Сите соби се двокреветни со брачен  кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете со неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

ВАЖНО! Општи напомени и предупредувања (кликнете за повеќе информации!)

Информации за дополнителни услуги/трошоци кои се плаќаат на лице место.

Задолжителна допла за туристичка такса за сите хотели во Грција (се плаќа на лице место):

  • 5* хотели: 4 € по соба на ноќ;
  • 4* хотели: 3 € по соба на ноќ;
  • 3* хотели: 1.5 € по соба на ноќ;
  • 1 & 2* хотели: 0.5 € по соба на ноќ;
  • 1 & 2 key апартмани: 0.25 € по соба на ноќ;
  • 3 key апартмани: 0.5 € по соба на ноќ;
  • 4 key апартмани: 1 € по соба на ноќ;

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

 

 


Напомени за попусти:

Бројот на соби кој може да се реззервира со Early booking попусти е ограничен!

Early booking попустите или било каков друг вид на попусти не се пресметуваат на доплатите, освен ако не е спротивно наведено.
Агенцијата го задржува правото за промена или прекинување на Early booking попустите пред наведените датуми на истекување на истите.
Резервациите направени по Early booking не може да се комбинираат со ниеден друг попуст.
Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплата.

Сите промени за резервации направени со попусти за рани резервации, ќе се сметаат како нови резервации и ќе бидат фактурирани по моменталната цена при промената.

За уплатени 2 аранжмана 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена. Овој попуст не е валиден за резервации направени со early booking  попусти или било каков друг вид на попусти.

На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација, истите се резервираат со 50% аконтација.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени

Напомени за трансфери

Релациите наведени како трансфер се реализираат со патнички возила или комбe.

Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Резервација и Отказ :

За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст. Целосната доплата на аранжманот е до 14 дена пред денот на поаѓање.

Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

Резервациите кои се направени и потврдени, со вклучен попуст за рани резервации, или друг вид на попуст не подлежат на рефундација и санкциите за отказ се 100% од износот на резервацијата. За сите останати откази важат Општите услови за патување.

Дополнителен услов за отказ :

Доколку причината за отказ не е сериозна / смрт или сериозно здравствено наручување / 100% сакции си остануваат по резервацијата.

ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА.

 

АтлантиС за своите клинти има обезбедено можност за плаќање до 6 или 12 рати без камата.

Овој начин може да се направи со кредитни картички на Стопанска банка до 6 рати или со наменски кредит во соработка со Силк Роуд Банка до 12 рати. За сите дополнителни информации слободно обратете се во некоја од канцелариите на АтлантиС.

За резервации по Last Minute понуди или други попусти агенцијата го задржува правото да не дозволи плаќање на рати без камата.

Напомена за хотелот:

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.

Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.

Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба.

 

Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале. Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

Влез / Напуштање на хотелот :

Влезот во собите од хотелите, НЕ Може да се гарантира пред 14 часот. Напуштањето на хотелските собите е најдоцна до 12 часот, во зависност од кукниот ред на хотелот.

Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 3 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.

 

Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.

 

 


Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.