Villa FAMILIJA Greece Pieria Nei Pori
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

Villa FAMILIJA Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Дополнителни информации

Неи Пори е место, кое сеуште претставува нај урбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.


Термини Бр. на ноќевања  1/2 студио  1/3 студио  1/3+1/2 дуплекс
22.05.2022 7 ноќевања 70 € 70 € 120 €
29.05.2022 7 ноќевања 110 € 120 € 190 €
05.06.2022 7 ноќевања 150 € 170 € 280 €
12.06.2022 7 ноќевања 210 € 220 € 360 €
19.06.2022 7 ноќевања 240 € 260 € 400 €
26.06.2022 7 ноќевања 250 € 270 € 450 €
03.07.2022 7 ноќевања 270 € 290 € 490 €
10.07.2022 7 ноќевања 320 € 340 € 490 €
17.07.2022 7 ноќевања 320 € 340 € 499 €
24.07.2022 7 ноќевања 320 € 340 € 499 €
31.07.2022 7 ноќевања 320 € 340 € 499 €
07.08.2022 7 ноќевања 320 € 340 € 499 €
14.08.2022 7 ноќевања 320 € 340 € 499 €
21.08.2022 7 ноќевања 310 € 330 € 450 €
28.08.2022 7 ноќевања 260 € 280 € 400 €
04.09.2022 7 ноќевања 240 € 260 € 340 €
11.09.2022 7 ноќевања 170 € 190 € 270 €
18.09.2022 7 ноќевања 100 € 110 € 180 €

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

• За возрасни 2.480 мкд. (40€)
• За деца до 11,99 години 1.860 мкд. (30€) 
• Деца до 2 години БЕСПЛАТНО (НЕ КОРИСТИ СЕДИШТЕ)
• За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
• Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
• Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
• Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на агенцијата.

Услови под кои важи аранжманот
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
• За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
• Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
• Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
• Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
За хотелот:

Вила Фамилија се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори. Располага со 10 соби од кои студија 1/2, студија 1/3, дуплекс 1/3+1/2. Вилата се наоѓа 150 м. одалечена од плажа. Wi-fi - бесплатно додека климата е со доплата 5 евра на ден во мај, јуни и септември, а бесплатна во јули и во август.

Villa FAMILIJA Слики и Видеа

Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.