Search
Пребарување на хотел
- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Види ги сите фотографии
Мапа
- Само Хотел
- Чартер програми
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
За хотелот:
Afrodite Studios II е новоизградена вила која се наоѓа на само неколку минути од плажата.
Вилата е модерно дизајнирана, опремена со нов мебел и имаат се што ви треба за пријатниот одмор. Ова сместување се наоѓа во Скала Потамија, оддалечено околу 270 метри од плажа и 1 км од центарот. Најблискиот пазар е оддалечен околу 400 метри. Сите соби имаат ТВ, клима уред (користење е со доплата), опремена кујна, купатило и балкон. На гостите им е достапен и интернет пристап. Чистењето се врши секој ден освен сабота, додека замена на постелнина и крпи е еднаш во текот на престојот (при влез во собите). Сите соби имаат брачен лежај, а во некои од собите каде има трето легло истото е со помали димензии од стандардните.
Сместувањето нема приватен паркинг, но веднаш до зградата и на блиските улици можете да најдете доволно простор каде што можете да го оставите вашето возило.
Доколку барате ново сместување, сместено блиску до плажа и во мирна област, тогаш Afrodite II може да биде одличен избор за вас.
ЛОКАЦИЈА НА ВИЛАТА: https://maps.app.goo.gl/9zYBSFaHm4gKYFvk7?g_st=av
Дополнителни информации
Studios Afrodite II
Цените се по соба за 7 ноќевања (превоз, траект и туристичка такса се доплаќаат).
150 м од најблиска плажа и 350 м од Golden Beach
Цената е по соба за 7 ноќевања
Користење на клима уред е со доплата 7 € на ден
Ценовник по термини
Резервациите со попуст се плаќаат 50% при резервирање и остатокот до 30 дена пред поаѓање.
| Термин | Studio 1/2 | Studio 1/2+1 |
|---|---|---|
| 22.05 - 29.05.26 | ||
| 29.05 - 05.06.26 | ||
| 05.06 - 12.06.26 | 269 € | 289 € |
| 12.06 - 19.06.26 | 375 € | 405 € |
| 19.06 - 26.06.26 | 415 € | 445 € |
| 26.06 - 03.07.26 | 499 € | 529 € |
| 03.07 - 10.07.26 | 529 € | 559 € |
| 10.07 - 17.07.26 | 625 € | 655 € |
| 17.07 - 24.07.26 | 655 € | 685 € |
| 24.07 - 31.07.26 | 655 € | 685 € |
| 31.07 - 07.08.26 | 695 € | 725 € |
| 07.08 - 14.08.26 | 695 € | 725 € |
| 14.08 - 21.08.26 | 655 € | 685 € |
| 21.08 - 28.08.26 | 655 € | 685 € |
| 28.08 - 04.09.26 | 459 € | 479 € |
| 04.09 - 11.09.26 | 405 € | 425 € |
| 11.09 - 18.09.26 | 285 € | 305 € |
Цената вклучува
- 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба).
- Користење на Wi-Fi.
- Собите имаат комплетно опремена мини кујна (приборот е во согласност со бројот на легла во студиото).
- Студијата се добиваат исчистени и со променета постелнина; за хигиената за време на престојот се грижат самите гости.
- Сместување: по 14:00 часот | Напуштање: до 10:00 часот (локално време).
- Гостите се должни првиот ден да пријават евентуален недостаток/оштета.
- Доколку настане штета во текот на престојот, гостите ја подмируваат при напуштање.
Цената не вклучува
- Туристичка такса 2 € по соба на ноќ (се плаќа директно во објектот).
- Превоз.
- Патничко осигурување.
- Клима уред: доплата 7 € на ден (се плаќа на лице место).
Напомена
- Бројот на соби со Early Booking попуст е ограничен.
- Агенцијата го задржува правото на промена или прекин на Early Booking попустите пред истекот на роковите.
- Резервации со Early Booking попуст не се комбинираат со други попусти.
- Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата може да биде наплатена по редовна/ревидирана цена.
- За два аранжмани 7+7 ноќи се одобрува 7% попуст на терминот со пониска цена (не важи за цени со Early Booking или друг попуст).
Доплата за превоз (за возрасни) Македонија – Тасос – Македонија
- Скопје 65 €
- Велес 65 €
- Неготино 65 €
- Граничен премин 65 €
- Штип 85 €
- Струмица 80 €
- Битола 90 €(минимум 3 лица)
Важно: Деца 2–11,99 години: попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно.
Важно: Задолжителна доплата за траект: 20 € за возрасен / 15 € за дете 2–12 години.





