Види ги сите фотографии
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Краток опис
Новите студиo-апартмани „Соларис“ се наоѓаат во мирниот дел на Чањ, на околу 400м од плажата. Модерно опремени, удобни и комфорни (1/2, 1/3, 1/4) имаат сопствена бања, тераса, кабловска телевизија, Wi-FI, фрижидер, клима уред (вклучен во цена), мини кујна со комплетна опрема. Објектот има лифт. Обезбеден бесплатен паркинг.
Објектот нуди и опција за исхрана. Храната се служи во модерно опремен комфорен ресторан „Лара“ на 80м од плажа, каде во пријатна атмосфера ве очекува квалитетна домашна храна и љубезен персонал.
Покрај ресторанот има летна градина со мала игротека за деца. Неколку пати во текот на неделата, се организираат детски театарски претстави каде што децата ќе уживаат во ликовите на нивните омилени цртани филмови.
Во цената е вклучено:
клима, кабловска, ТV, Wi-Fi, паркинг - бесплатно
Плажа
На 400м од објектот се наоѓа 1100м долга песочна плажа. Во непосредна близина се наоѓа прочуената „Краљичина плажа“ до која се доаѓа само по морски пат, а која со право ја нарекуваат „Бисер на Јадранот“.
Услови за деца
ПОПУСТИ:
- деца до 3 години имаат бесплатен престој (на заеднички кревет без храна)
- деца од 3 до 9,99 години на заеднички кревет плаќаат 50% од цената.
- деца од 3 до 11,99 години на посебен кревет плаќаат по 70% од цената.
- дете до 11,99 години со еден возрасен во студиото плаќа 80% од цената.
Забелешки
Напомена Covid-19:
Почитувани клиенти, би сакале да ве информираме дека поради Covid-19 пандемијата, постои можност на дестинацијата на која патувате да се применуваат посебни правила, а поради вашата лична безбедност кои ги предвидела Владата на земјата во која се наоѓате. Овие правила можат да се однесуваат и на сместувачката единица во која се наоѓате, на нејзиниот начин на опремување на кујната во студијата и апартманите, начинот на замена на постелнина, крпи, понуди за храна и пијалоци.
Поради состојбата со корона вирусот, овој објект презема мерки за заштита на здравјето на гостите и вработените. Затоа, одредени услуги и содржини можеби не се достапни во целост или воопшто.
Ви благодариме за вашето разбирање.
Карактеристики за соба
*Сместување во собите од 12.00 ч., напуштање до 09.00 ч.
Концепт за исхрана
УСЛУГА ИСХРАНА:
- Појадок - комбинирана шведска маса - разновидна понуда на топли пијалоци, сладок и солен појадок со понудата
2 или повеќе јадења според анкетата „денес за утре“.
- Ручек и вечера - комбинирана шведска маса - супи, чорби, салати, десерти, со понуда од 2 или повеќе јадења - според анкета „денес за утре“.
Важни информации
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Дополнителни информации
Туристичката такса и осигурувањето не се вклучени во цената - се плаќаат на рецепција дневно по лице:
деца до 12 години - 0,50 €, од 12-18 години. - 1 €, возрасни 1,50 €
Сместување
Модерно опремените и удобни апартмани поседуваат сопствена бања, тераса, кабловска телевизија, Wi-Fi, фрижидер, клима, мини кујна со комплетна опрема.
Пансион
Наем. Можност за доплата за соодветен пансион.
За хотелот:
Новите студио-апартмани Solaris се наоѓаат во мирниот дел на Чањ на околу 400m од плажата.