Датум на Најавување во Хотел
|
Ноќ(и)
|
Возрасен
|
Дете
|
Години за Дете
|
Поаѓање
|
Пристигнување
|
Пристигнување - Аеродром
|
Датум на Пристигнување
|
Ноќ(и)
|
Возрасен
|
Дете
|
Години за Дете
|
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да минува автобус.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА.
АтлантиС за своите клинти има обезбедено можност за плаќање до 6 или 12 рати без камата.
Овој начин може да се направи со кредитни картички на Стопанска банка до 6 рати или со наменски кредит во соработка со Силк Роуд Банка до 12 рати. За сите дополнителни информации слободно обратете се во некоја од канцелариите на АтлантиС.
За резервации по Last Minute понуди или други попусти агенцијата го задржува правото да не дозволи плаќање на рати без камата.
Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.
Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба.
Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале. Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.
Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 3 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.