ROYAL THALASSA MONASTIR Tunisia Monastir
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

ROYAL THALASSA MONASTIR Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    За хотелот:

    Сместување
    Хотелот располага со 280 сместувачки единици и сите имаат балкон или тераса, сателитска ТВ, сеф, мини бар, клима, фен, Wi-Fi конекција достапна низ целиот хотел.

    Стандардните соби се со големина од околу 28м² и имаат поглед кон градина, море или базен.
    Superior собите се околу 34м².
    Junior апартманите се со големина од околу 48м².
    Executive апартманите се со големина од 48-96 m².

    Со доплата: room service, телефон.
    Дополнителни информации
    Хотелот нуди услуга за перење и пеглање, доктор на повик, менувачница, фризер, салон за убавина.
    Плажа
    Хотелот има сопствена песочна плажа. Има ресторан, бар и клуб за спортови на вода.
    Услови за деца
    - детски базен
    - детски клуб
    Концепт за исхрана
    Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцен појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Хотелот располага со неколку ресторани - Chef's Market (главен ресторан), Mona (a la carte ресторан отворен во периодот ноември-мај, служи ручек и вечера), La Voile (a la carte ресторан отворен во периодот јуни-септември, служи ручек и вечера). Исто така, во понудата има и неколку барови - Pool, Plage и La Voile Bar. Концептот вклучува закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Со доплата: свежо цедени сокови, наргиле, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и други артикли надвор од концептот.

    Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).
    Важни информации
    Хотелите имаат право да менуваат поединечни услуги, начините на плаќање, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, така што организаторот на патувањето не може да сноси одговорност за тие промени.
    Локација
    Хотелот се наоѓа во Сканес, на околу 7 км од центарот на Монастир, на околу 1 км од аеродромот во Монастир, на околу 180 км од аеродромот во Тунис.
    Краток опис
    Хотелот е отворен во 1999 година, а последен пат е реновиран во 2008 година. Се состои од трикатна главна и анекс зграда и нуди 280 сместувачки единици. Се препорачува и за љубителите на голф бидејќи се наоѓа недалеку од три терени за голф. Во рамките на комплексот има и познат Спа центар, а покрај богатата Спа и велнес програма, на гостите им се достапни базени, неколку ресторани и барови.

    За деца има игралиште, мини клуб (4-10 години) и детски базен.
    Спорт и рекреација
    - тенис
    - пинг понг
    - мини голф
    - одбојка на плажа
    - курсеви за гимнастика во вода
    - спортови на вода
    - терен за голф (во близина)

    ROYAL THALASSA MONASTIR Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.