Сите соби имаат балкон, Сат ТВ, клима, мини бар, сеф, телефон, бања со одвоен тоалет, фен за коса. Хотелот располага со вкупно 332 сместувачки единици, кои може да имаат поглед на градина/ базен или на плажа.
Со доплата: room service, телефон.
Услугата во хотелот е All Inclusive – појадок, ручек, вечера во главниот ресторан ( самопослужување – избор на повеќе јадења по хотелските правила). Во концептот се вклучени локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци, ужини, колачи во одреден период од денот. Гостите на располагање имаат и à la carte ресторан ( еднаш во текот на престојот бесплатно со претходна резервација), Pool, Beach & Bar with stage. Користење на Moorish барот се доплаќа.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и останато надвор од концептот, Moorish bar.
Хотелот има право да ги промени деталите на услугата во зависност од сезоната (време, содржини...).
За најмладите постои детски клуб (4-12 години), игралиште за деца и детски базен со фонтана.
Хотелот во понудата има 4 базени: два затворени (од кои едниот се грее), еден отворен со морска вода и џакузи и еден детски базен.
Хотелот има дневна и вечерна анимација, терени за тенис и мини голф. Од спортски активности достапни се одбојка на плажа, кошарка, фудбал, аеробик, билјард, пинг- понг. Бесплатна Wi-Fi конекција во целиот хотел.
Се доплаќа: спортови на вода.
Гостите без доплата можат да го користат фитнес центарот.
Се доплаќа: масажи, амам, џакузи, сауна.