Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
Е-пошта
Време на Повик
Мапа

Hotel Slovenska Plaza Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Галерија
  • Ценовник и информации за хотелот

Hotel Slovenska Plaza Слики и Видеа

Краток опис

Ресортот Slovenska plaža со својата архитектура и амбиент претставува необичен туристички град во кој главните атракции се: медитеранскиот амбиент, непосредната близина на Slovenskа plažа, широката палета на можности за активен одмор и живописните зелени површини.
Туристичкиот град беше целосно реновиран во јули 2012 година. Располага со соби со комплетна содржина неопходна за опуштен одмор.

Плажа
На 50 m од комплексот се наоѓа најпознатата и најдолга плажа во Будва - Slovenska plaža, долга 1600 m.
Во цената не е вклучено:
Надворешен и покриен паркинг, како и Wi-Fi во целиот ресорт (рецепција, лоби, ресторани, базен) се достапни со доплата.
Услови за деца
Во ресортот посебно внимание се посветува на најмладите гости. За нив на располагање има отворен забавен парк во непосредна близина на базенот. На зелена површина од 300 m2 децата ќе се забавуваат со разновидни содржини. Тука има трамболини, тобогани, терен за мини голф и други интересни содржини.
Спорт и рекреација
За оние кои сакаат активен одмор, достапни се секојдневни спортски програми: аква аеробик, јога, пилатес и зумба на трева под сенката на дрвјата. За најмладите се организира школа за пливање. Вежбање во теретана на отворено и учење салса се дополнителни бесплатни содржини на програмата за спортска анимација.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Сместување

Ресортот Словенска Плажа има 522 сместувачки единици кои спаѓаат во категоријата хотели со 3 ѕвезди. Делот од ресортот со 3 ѕвезди има околу 865 соби и 204 апартмани, од кои 323 сместувачки единици имаат свои тераси. Собите и апартманите имаат бања со туш кабина и фен, фрижидер, сеф, кабловска ТВ, клима уред, интернет и детски кревет по потреба.

General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Пансион
Хотелот работи на Half Board и All Inclusive концепт.
За хотелот:
Ресортот Slovenska plaža се наоѓа во самиот центар на Будва. Стариот град се наоѓа на 10 минути пеш. На едно место концентрирано е се што ви е потребно за пријатен одмор - од сместување и исхрана до рекреација и забава. 
Slovenska plaža е ресорт преполн со зеленило и цвеќиња, а тука се и ресторани, кафулиња, бутици, мини-маркети, галерија, туристички агенции, стоматолошки и амбулантни ординации, фризерски и козметички салони, спортски терени и базени.
Slovenska plaža е меѓу првите добитници на Eco label сертификатот во Црна Гора, сертификат од Европска Унија за грижа и зачувување на животната средина. Сертификатот „Ekolabel“ обврзува деловната активност на целиот комплекс „Slovenska plaža“, кој веќе претставува зелена оаза во Будва, да се базира на одржлив развој со минимално загрозување на природните ресурси.
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.