02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Види ги сите фотографии

Hotel Radan

Покажи на Мапа
Мапа
  • Само Хотел
  • Чартер програми
Датум на пријавување
Датум на одјавување
Патници
2
Возрасни
2
Деца
0
Години на Дете
Додади Соба
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Сместување
Хотелот Радан располага со 212 соби и апартмани во 2 објекта. Освен еднокреветни и двокреветни соби, во понуда има и 8 трокреветнисоби (француски кревет + додатно легло со стандардни димензии), 6 семејни соби (соба со француски кревет + соба со две класични легла, поврзани со врата) и 10 апартмани (спална со дневен престој и кујна).
За хотелот:

Хотел Радан- Пролом Бања е лоциран во Проломска Бања,47 километри од Приштина и 45 километри од Лесковац. Ресортот има надворешен базен и спа центар каде гостите можат да уживаат во храната од ресторанот ило пијалок во барот. 

Пролом водата припаѓа на групата води со високи балнеолошки вредности.
Ја карактеризираат:
1. Високата алкалност (pH 8,8 - 9,2) и исклучителната доминација на хидрокарбонатниот јон со што Пролом водата ја зголемува алкалната резерва во крвта намалувајќи ја опасноста од ацидоза, ја подобрува елиминацијата на слободни радикали и на други штетни продукти на метаболизмот, ја неутрализира желудочната киселина, го намалува создавањето на урична киселина, ја подобрува нејзината елиминација и ја намалува можноста за создавање на кристали на уричната киселина, ја подобрува секреторната функција на црниот дроб, ја алкализира урината и ја зголемува растворливоста на цистин кој е главен причинител за рекурентна ренална калкулоза.
2. Ниска минерализација – ниската содржина на натриум, не ги оптоварува функцијата на бубрезите и кардиоваскуларниот систем.
  • Бубрезите и мочните патишта,
  • Органите за варење,
  • Кожата,
  • Реуматизам.
Пролом водата има важна улога во превенцијата и зачувувањето на здравјето. Таа припаѓа на ретките води што можеме да ги пиеме цел живот.

Локација

Локација : Bez ulice, Пролом 18433, Србија

Дополнителни информации

Wellness центарот на Пролом Бања претставува ексклузивен комплекс во кој на природен начин се постига баланс на телото, умот и духот. Сите благотворни својства на лековитата Пролом вода, пареата и топлината служат за Ваше уживање, релаксирање и ослободување од секојдневниот стрес.
Во пријатниот амбиент на Wellness центарот имате на располагање:
  • Релакс центарот (саунa, џакузи базен, тепидариум, солена соба, парна бања) и отворено – затворени базени со финска сауна и тепидариуми.
  • Светот на сауните (финска сауна, био сауна, инфрацрвена сауна, џакузи базен со солена вода – Пролом море, тепидариуми, солена соба, парна бања, kneipp патека) и отворено – затворени базени со финска сауна и тепидариуми.
  • Салон за убавина
  • Фитнес сала и теретана
  • Сала за забава

Пансион

Пансионските оброци се послужуваат во два ресторана:
  • Појадок– по принцип на шведска маса, се послужува во ресторанот Нови Радан во главниот објект, во близина на рецепцијата.
  • Време за послужување на појадок: 07.00 – 10.00 часот

  • Ручекот и вечерата се послужуваат во централниот хотелски ресторан. Можете да бирате меѓу три пансионски јадења од дневното мени + диетален и посен оброк. Со ручекот се послужува супа или чорба, овошје или слатки.
  • Време за послужување ручек: 12.30 – 15.00 часот
  • Време за послужување вечера: 17.30 – 20.00 часот