Види ги сите фотографии
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Краток опис
Одличната географска положба - на 20 m од градската плажа и 15 минути пеш од Стариот град во Будва, во комбинација со природното медитеранско зеленило го прави Hotel Aleksandar вистинска оаза за одмор и уживање.
Hotel Aleksandar е идеално место за сите гости кои бараат удобно сместување, високо квалитетна услуга, одлични услови за рекреација и добра програма за анимација.
Плажа
На 20 m од хотелот се наоѓа најпознатата и најдолга плажа во Будва- Slovenska plaža, долга 1600 m. Хотелот нема сопствена плажа.
Во цената не е вклучено:
Паркингот се плаќа 4€ на ден.
Услови за деца
За најмладите гости на располагање се современо опремени детски игротеки на затворено и отворено. Во внатрешната игротека со површина од 150 m2 децата може да се забавуваат во детскиот лавиринт и бебешкото катче за најмладите. За гостите на хотелот влезот е слободен.
Игротеката на отворено се наоѓа покрај новиот комплекс од базени. Тимот за анимација ќе се грижи за целодневна програма за анимација како за деца, така и за возрасни. Навечер се организираат разни тематски забави за гостите: фолклорни вечери, магионичарско шоу како и вечери со жива музика.
Спорт и рекреација
Хотелот поседува модерно опремен мини welness centar, во чии рамки се наоѓа фитнес сала, сауна и џакузи.
За гостите кои сакаат активен одмор достапни се секојдневни спортски програми: теретана на отворено, аква аеробик, јога, пилатес, фитнес, пинг-понг.
Во непосредна близина се наоѓаат и 11 тениски игралишта кои се достапни со доплата.
Важни информации
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Дополнителни информации
Во рамките на хотелот има три отворени базени каде употребата на опремата за плажа е вклучена во цената.
Сместување
Сите соби се климатизирани и опремени со кабловска телевизија, бесплатна Wi-Fi конекција, бања со фен. Повеќето соби имаат балкон.
Пансион
Хотелот работи на Half Board и All Inclusive концепт.
За хотелот:
Во непосредна близина на туристичката населба Slovenska plaža, на само 15 минути пеш од Стариот град во Будва, во раскошното зеленило на медитеранската вегетација се наоѓа реновираниот Hotel Aleksandar.
Hotel Aleksandar е место за сите оние за кои императивот е квалитетен одмор, со удобно сместување, идеални услови за рекреација и добра програма за анимација. Целосно е реновиран во 2017 година и по комплетната адаптација, претставува нешто сосема ново во туристичката понуда на Будва.