DELPHIN EL HABIB Tunisia Monastir
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам
Мапа

DELPHIN EL HABIB Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Програма
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хамамет

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Тунис. Слетување во Тунис во раните утрински часови. Средба со претставниците на АтлантиС,  трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Тунис

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на АтлантиС. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хамамет - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

  • Авионски карти на релација Скопје – Тунис  – Скопје со директен лет.
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на избраната услуга од Вас
  • Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж
  • Аеродромски и административни такси
  • Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Тунис
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хамамет од локалните претставници.
  • Организација на патувањето.
  • Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

    • Меѓународно патничко здравствено осигурување
    • Хотелски услуги после одјавување на собите.
    • Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
    • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    • Сите хотели се на барање.
    • Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.
    • За влез во Тунис потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).
    УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 
    • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
    • Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 
    • Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    • Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
    • После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.
    • Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 
     ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 
    • точно име и презиме на патниците (како според документ)
    • датум на раѓање
    • број на пасош и датум на валидност. 
    • Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 
    • Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 
    УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 
    Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 
      Останати Забелешки:
    • » Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
    • » Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
    Дополнителни информации
    Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.
    Плажа
    Песочна плажа,  чадори, лежалки, душеци, крпи со депозит  и крај базен
    Услови за деца
    Детски базен, детски клуб (од 0-3 години), младински клуб (од 4-18 години)
    Facilities
    Гостите на хотелот имаат на располагање : отворен базен, внатрешен базен, диско, фризер, салон за убавина, спа центар, продавници, рент а кар, лекар (во одредени часови). На територијата на хотелот има 1 главен ресторан, 1 a la carte ресторан (италијанска кујна), лоби бар, снек бар и оксиген бар.
    Концепт за исхрана
    All inclusive (all inclusive - појадок, ручек, вечера, интермедијарни оброци, локално произведени алкохолни и безалкохолни пијалоци)
    Home Location
    Хотел Делфин Ел Хабиб се наоѓа во центарот на Монастир, на првата линија на плажата, на 5 километри од теренот за голф „Фламенго“ и на 10 километри од аеродромот во градот Монастир.
    Локација
    Хотелот  е на 2 минути пешачење од плажа. Се наоѓа веднаш до шеталиштето и во срцето на градот Монастир
    Карактеристики за соба
    Хотелот се состои од 200 соби (двокреветни и семејни). Сите соби се опремени со бања со када и туш, фен, тераса/балкон, телефон, ТВ, сателитска ТВ, под со плочки, сеф и клима.
    Спорт и рекреација
     Бесплатно: дневна и вечерна анимација, фудбал, одбојка, кошарка, пинг-понг, одбојка на плажа, ватерполо, тенис, аеробик, аеробик на вода, бочање.

    DELPHIN EL HABIB Слики и Видеа

    Почнувајќи од..
    Најниска Цена и Дата
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.

    Нашиот билтен за е-пошта;
    Нашиот билтен за е-пошта;
    Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
    Маилинг Пошта

    Содржина на маилинг листа

    Име
    Презиме
    Маил
    Во ред

    Маил-от е успешно пратен

    Предупредување

    Настана грешка при праќање на маил - от.